Претседателот Иванов ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Р.Еквадор и И.Р. Пакистан

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Република Еквадор и Исламска Република Пакистан. На средбата со новоименуваниот амбасадор на Република Еквадор за Република Македонија со седиште во Рим, Н.Е.  Хуан Холгун Флорес, македонскиот претседател истакна дека и покрај географската оддалеченост, постои заедничка желба и потенцијал за сеопфатно развивање на меѓусебните односи и изрази уверување дека во блиска иднина ќе се интензивира билатералниот политички дијалог и меѓусебната соработка, особено во доменот на економијата, културата и туризмот. Новоименуваниот амбасадор на Република Еквадор за…

повеќе...

Претседателот Иванов се сретна со амбасадорите на ЕУ во Македонија

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, оствари средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија во Република Македонија. На средбата беа разменети мислења и информации за политичката криза во Република Македонија. Во тој контекст, претседателот Иванов ги запозна амбасадорите со мотивите и целта која сака да ја постигне со одлуката за помилување – ослободување од гонење, без спроведување на постапка, како и со контекстот и сите аспекти поради која е донесена одлуката. Амбасадорите ги изнесоа позициите и загриженоста на државите кои ги претставуваат во врска со одлуката и…

повеќе...