Утре во Охрид ќе биде промовирана едицијата „Црните страници на УДБА“

Раководителката на ПО Охрид од Државниот Архив, Славица Јанковска денес во просториите на Охридскиот Архив, одржа прес-конференција, на која ја најави Промоцијата на капиталната едиција на документи насловена како  „Црните страници на УДБА“, издадена од Државниот архив на Република Македонија.  „Оваа капитална едиција на документи создадена под водство на нашиот директор д-р. Филип Петровски и неговиот тим, има огромно значење не само во македонската историографија и документаристика, туку и во целокупното општествено живеење. Неслучајно го зборувам ова, бидејќи низ „Црните страници на УДБА“ се отсликани голем број судбини, животи на наши предци,…

повеќе...

Државниот архив одбележува 65 години од формирањето

Работен состанок за основање Совет на архиви на Југоисточна Европа се одржува денеска во организација на Државниот архив на Република Македонија, кој одбележува 65 години од формирањето. Директорот на Државниот архив на Република Македонија Филип Петровски информира дека оваа иницијатива ја изнел на Годишното собрание на Меѓународниот совет на архивите минатата година во Рејкјавик, Исланд.  „Недостасува едно здружение кое ќе им помогне на нашите архиви, на нашите вработени, на стручњаците од областа на архивите и архивистиката да соработуваат, да разменуваат искуства и симболично да ги изградиме мостовите кои можеби недостасуваат…

повеќе...

Се расчистува патот до Скребатно и дворот од Историски архив

Екипите на „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец“ го расчистуваат патниот правец с.Лескоец, кај Скребатско Маало до с.Скребатно. „Ангажирани се 4 работници кои ги отстрануваат гранките од дрвјата и жбунестата вегетација која го попречува нормалното движење на пешаците и возилата, а тревата се коси.“– информираат од претпријатието. Дворот од историскиот архив лоциран на ул.„Никола Карев“ хортикултурно се уредува од обраснатата трева, а крошните од дрвјата се уредени. Градскиот парк тековно се одржува со косење на тревните површини и поинтензивно наводнување заради високите температури, додаваат оттаму.

повеќе...