Проф. д-р Јос Ферхуфен, експерт за блатни екоситеми утре доаѓа во Охрид

Вчера во Скопје се одржа тркалезната маса на тема „Влијанието на планираните инфраструктурни проекти врз биодиверзитетот на охридско – преспанскиот регион“, а во организација на Здружение за заштита на животните и животната средина ЕДЕН. Специјален гостин беше проф. д-р Јос Ферхуфен, претседател на Европскиот огранок на Друштвото на научници за блатни екосистеми (Society of Wetland Scientists, European Chapter) и професор на Универзитетот во Утрехт кој допатува на покана на Охрид ЅОЅ. Утре, 18 мај, четврток, проф. Ферхуфен ќе биде во Охрид каде што ќе има средба со претставници на Хидробиолошкиот…

повеќе...

ОхридЅОЅ ќе го претстави Студенчишко Блато на значајна Европска конференција за блатни екосистеми

На покана на проф. Јос Верховен, претседател на Европскиот огранок на Светското друштво на научници од областа блатни екосистеми (Society of Wetland Scientists, European Chapter), претставници на Охрид ЅОЅ ќе учествуваат на 11-тата годишна конференција која се одржува од денес (17ти мај) до 20ти мај (петок), во Потсдам, Германија. Овогодинешната тема на конференцијата е поврзаноста помеѓу блатните екосистеми и општеството. Ќе бидат опфатени повеќе аспекти на темата како: пренос на знаење, конфликти при конзервација (хармонизација на функцијата на блатните екосистеми и економските интереси) и реставрациски менаџмент (блатните екосистеми како средство за…

повеќе...

Ќе се почитуваат сите препораки за Студенчишкото блато

Препораките кои што одат во правец на формирање на еден одржлив систем во делот кај Студенчишкото блато ќе бидат испочитувани. Ова, денес во изјава за медиумите го истакна Секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, кој рече дека за тој дел од градот во рамки на Генералниот урбанистички план е оставена можност за евентуален Детален урбанистички план кој што во иднина би се носел. Според тој план со помош на експерти би се утврдувал просторот каде што постои можност да се реставрира дел од некогашното Студенчишко блато. Според кажувањата на стручните…

повеќе...