Подигнато спомен-обележје во Ливоишта во чест на Благојче Крстаноски

Денес во селото Ливоишта беше откриена спомен плоча (спомен чешма) посветена на Благојче Крстаноски, професионален војник на АРМ, кој го загуби животот на 8 април 1999 година на караулата Блаце. Спомен обележјето со сесрдна помош на Општина Охрид го постави Организацијата на резервни офицери на Република Македонија. На денешната церемонија во името на Општина Охрид се обрати градоначалникот Никола Бакрачески: „Денешниот ден е исполнет со емоции кои ја отсликуваат тагата по прерано загинатиот Благојче Крстаноски, но и емоции исполнети со гордост што Благојче го имавме меѓу нас, кој на олтарот…

повеќе...

Јолевски: Вработување на нови 250 професионални војници идната година

Министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска на отворената седница на Владата информираше дека за професионалните војници кои поради возраста го изгубиле својот статус се спроведуваат два проекти за вработување и оти се во тек работите за проектот „АРМ мој вистински дом“. „Се работи за 59 лица кои се повикани да склучат договор, 52 од нив веќе потпишале, двајца не пројавиле желба и пет лица се уште го потпишуваат договорот“, изјави Јолевски. До 31 декември 2014 година, Министерството има обврска да ги вработи овие лица. Во однос на вработувањето професионални војници,…

повеќе...