Се поставуваат ивичници кај крстосницата во близина на населбата Рача

Градежната оператива на ЈП „Градски гробишта“, по налог на Локалната самоуправа и Фондот за комунален развој, продолжува да работи на поставување на коловозни ивичници и островчиња на крстосницата во близина на населбата „ Рача“ .Овие зафати се дел од проектот за проширувањето на магистралниот пат кај населбата Рача и изградба на крстосница , со што ќе се зголеми безбедно одвивање на сообраќајот. Воедно, продолжува тековното извршување на работните активности во градските гробишта, нивно одржување и хортикултутно уредување.

повеќе...

Се гради нов тротоар на дел од улицата „15-ти Корпус“

Јавното претпријатие „Градски гробишта“ интензивно работи на изградбата на тротоар на улицата „ 15-ти Корпус“ на потегот од поранешната фабрика „ Застава“ до бензиската станица на „ Макпетрол“ . Новиот тротоар ќе го го олесни движењето на пешаците во насока кон селото Лескоец, како и движењето на граѓаните кои за време на големите верски празници ги посетуваат градските гробишта. Овој зафат, согласно предмер-пресметката ќе чини околу 1.400.000 денари.

повеќе...