Поголема грижа за дијабетичарите, цел на Националната комисија за дијабетес

Националната комисија за дијабетес, која функционира еден месец, напоредно со Регистарот за дијабетес и интегрирањето на податоците за лицата со дијабетес во Мој Термин, ќе овозможи натамошно подигнување на нивото на квалитетот на грижата за лицата со дијабетес. Комисијата ја следи имплементацијата на стручните упатства за медицина базирана на докази од областа на дијабетес, како и третманот и контролата на овие лица. Во Македонија 35.000 луѓе примаат инсулин од кои 32.000 имаат дијабетес тип 2, а само 3.000 тип 1. Според податоците, се зголемува бројот на деца кои имаат дијабетес…

повеќе...