ОБСЕ го поздрави усвојувањето на Извештајот на ДИК

Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) преку мисијата во Скопје го поздрави вчерашното усвојување на извештајот на Државната изборна комисија и порача дека прочистувањето на избирачкиот список е клучен предуслов за веродостојни избори. „Направени се некои позитивни чекори, како измените на Изборниот закон и новиот состав на Државната изборна комисија, но, сепак голем број прашања треба да се решат до изборите. Едно од нив, ако не и најважното, е прочистувањето на избирачкиот список. Кредибилен избирачки список, во кој ќе веруваат сите граѓани, е клучен предуслов за веродостојни избори“, пишува…

повеќе...

ДИК: Граѓаните можат да пријават сомнителни податоци во избирачкиот список

Им овозможуваме на сите граѓани до подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија и преку апликацијата објавена на веб-страницата на Државната изборна комисија да пријават сомнителни податоци во избирачкиот список, кои по службена должност ќе бидат проверени во службените евиденции на надлежните институции, велат од ДИК. „Врз основа на спроведените постапки и донесените акти од страна на надлежните институции, Државната изборна комисија во најкраток можен рок ќе изврши запишување, дополнување или бришење на податоци од Избирачкиот список во согласност со усвоениот правилник за методологија за целосен пристап, вршење промени…

повеќе...