Утревечер богослужба, задутре света литургија за празникот Голема Богородица

По повод славата на црквата „Света Богородица“ – Каменско – Охрид, се известуваат сите православни верници дека утревечер во црквата „Света Богородица“ – Каменско, Охрид, по повод празникот „Успение на Пресвета Богородица“, ќе се служи празнична вечерна богослужба и ќе се пеат статиите на „Успението на Пресвета Богородица“, со почеток во 17 часот. По завршувањето на вечерната богуслужба ќе има литија со плаштаницата на Пресвета Богородица. На 28 август 2015 година (петок), во црквата „Света Богородица“ – Каменско, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Успение на…

повеќе...

Литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид

Денес, во осмата Недела по Педесетница, Неделата на светите отци, и на празникот Собор на св. архангел Гаврил и преподобната Сара Египетска, во храмот „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Димче Ѓорѓиески, свештениците Никола Христоски, Димче Азески и Горан Ставрески и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, со благослов на Митрополитот Тимотеј, свештеникот Димче Азески, старешина на храмот, се обрати кон верниот народ со пригодно слово.

повеќе...