Вечерна со Василиева литургија по повод Велика сабота

По повод Велика сабота, утре ќе се служи Вечерна со Василиева литургија во црквите „Св.Богородица“- Каменско и „Св. вмч. Ѓорѓи“ со почеток во 8:30 часот.

повеќе...

Царски часови со вечерна богосложба за Велики Петок

По повод Велики Петок  ќе се одржат Царски часови со вечерна богослужба и изнесување на Светата Плаштаница, со почеток во 7 часот. Митрополитот г.Тимотеј ќе богослужи во црквата „Св.Богородица“- Каменско. Вечерта, со почеток во 19:00 часот ќе има „Оплакување и опело на Христа“. Митрополитот г.Тимотеј ќе богослужи во црквата „св.вмч.Ѓорѓи“-Охрид.

повеќе...

Литургија и мало повечерие со канон по повод Велика среда

Утре, 27ми април на Велика среда, со почеток во 7:00 часот ќе се одржат Часови и Архиерејска Преждеосвештена литургија, едноцрквие во црквата „Св.Богородица“- Каменско. Во 17:00 часот ќе има мало повечерие со канон во сите парохиски цркви во Охрид, со почеток во 17 часот.

повеќе...

Литургија и бдение по повод Велики вторник

Утре на Велики вторник ќе се одржат Часови и Преждеосвештена литургија, едноцрквие во црквата „Св.Богородица“- Каменско, со почеток во 7:00 часот. Во 17:00 часот ќе има Бдение со „Последование на Женихот“, едноцрквие во црквата „Св.Богородица“- Каменско.

повеќе...

Утре бдение по повод празникот Цветници

Од Дебарско – кичевската епархија информираат дека утре по повод празникот Цветници ќе има Бдение со „Последование на Женихот“, едноцрквие во црквата „Св.Богородица“- Каменско, со почеток во 17 часот. Во понеделник, на Велики Понеделник ќе се одржат Часови и Преждеосвештена литургија, едноцрквие во црквата „Св.Богородица“- Каменско, со почеток во 7:00 часот. Истиот ден, со почеток во 17:00 ќе има Бдение со „Последование на Женихот“, едноцрквие во црквата „Св.Богородица“- Каменско. WebOhrid

повеќе...

Отслужена литургија по повод Првата недела од Великот пост

Денес во Првата недела од Великиот пост, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Василиева Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерите Никола Христоски и Димче Ѓорѓиески, свештениците Владо Недески и Роберт Илијевски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. „Литургијата ќе остане засекогаш запаметена за дипломираниот богослов Павел Крцоски, кој од рацете на Митрополитот Тимотеј беше ракоположен во ѓаконски чин. Од името на Митрополитот Тимотеј и од сета Епархија, му го честитаме ѓаконскиот чин на Павел, со молитви кон…

повеќе...

Света архиерејска литургија во Каменско по повод Тодорова сабота

Денес, во првата сабота од Великиот пост, кога го прославуваме споменот на светиот маченик Теодор Тирон, во храмот „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски, свештениците Димче Азески и Горан Ставрески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа.

повеќе...

Денес ќе се служи првиот „Акатист на Пресвета Богородица“ во црквата Каменско

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека денес во црквата „Света Богородица“ – Каменско, Охрид, ќе се служи првиот „Акатист на Пресвета Богородица“, со почеток во 16:00 часот, на кој ќе богослужи Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Акатист ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид.

повеќе...

Света литургија во црквата „Св.Богородица“-Каменско за Водици

На 19ти јануари (вторник), за празникот Богојавление-Водици, ќе се служи свете архиерејска златоустова литургија во црквата „Св.Богородица“-Каменско, со почеток во 8:00 часот. Света златоустова литургија ќе има во сите парохиски цркви во Охрид, со почеток во во 8:00 часот. Во Плаошкиот манастир „Св. Климент и Пантелејмон“ нема да има  богослужба тој ден. Во 10:00 часот на градското пристаниште ќе се изврши голем богојавленски водосвет и ќе се фрли чесниот крст во водите на Охридското Езеро.

повеќе...

Света архиерејска литургија за празникот „Пречиста“ во Каменско

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 4-ти декември 2015 година (петок), во црквата „Света Богородица“ – Каменско, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста“, со почеток во 9:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. На 6-ти декември 2015 година (недела), ќе биде преосветена црквата „Свети Пантелејмон“ во село Велгошти, и ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Свети Амфилохиј Икониски“, со почеток во 9:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото…

повеќе...