Светскиот шампион, каратистот Недев на прием кај претседателот Иванов

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го прими каратистот Дејан Недев, по повод освојувањето на златниот медал на Обединетиот Светски карате шампионат, што од 14 до 18 октомври се одржа во Копер, Република Словенија. На средбата претседателот Иванов упати честитки за постигнатиот успех, истакнувајќи дека освојувањето на златниот медал од каратистот Недев е исклучително позитивен пример за сите млади спортисти како достојно да ја претставуваат Република Македонија на спортските натпреварувања. Каратистот Недев го запозна претседателот Иванов со неговите тековни ангажмани и идни планови во кариерата и изрази надеж…

повеќе...