Прием на кик-боксерите во АМС по повод успехот на Европското и Балканското првенство

Денес, во просториите на Агенцијата за млади и спорт, по повод успешната организација на последното Европско првенство во кик бокс за кадети и јуниори во Скопје и големиот успех на македонските кик-боскери, Директорот Дарко Каевски организираше прием за кик-бокс репрезентацијата предводена од Претседателот и селектор Дејан Митровски – Урко и тренерот Драган Атанасовски. Каевски изјави дека Македонија уште еднаш се покажа како одличен домаќин и потврди дека секогаш е спремна за организација на вакви големи натпреваруња,а воедно им честита и за остварениот успех на младите кик-боксери. „Ми претставува чест што…

повеќе...

Прием на македонската кик бокс репрезентација во Агенцијата за млади и спорт

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески денеска организираше прием за македонската кик бокс репрезентација која имаше успешен настап на Европското јуниорско-кадетско првенство во Сан Себастијан, Шпанија, од 22 до 29 август. „На мое големо задоволство денеска во просториите на АМС се претставниците на македонската кик-боксинг репрезентација во младинските категории, која на неодамна завршеното ЕП за кадети и јуниори, кое се одржа во шпанскиот град Сан Себастијан постигнаа одлични резултати и ја претставија Македонија во вистинско светло. Постигнатите резултати се доказ дека македонскиот кик-бокс има светла иднина. Овие…

повеќе...

Светскиот шампион Бени Османоски на прием во Агенцијата за млади и спорт

Бени Османоски е роден пред 26 години во с.Октиси, Струга. Момчето кое денес со гордост го носи македонското знаме на големи светски натпреварувања во Боречки вештини. Целата приказна започнува во 1997 година во Струга кога Бени почнува да тренира кик бокс, а преку Словенија оди за Швајцарија. Тој веќе шест години живее и тренира во малото градче Биел, во близина на Берн во тамошниот клуб „МОАИТАИ ШАДО БОКСИНГ КЛУБ“. Клубот е во сопственост на неговиот тренер Роџер Руби, поранешен шампион на Швајцарија во карате, кој е истовремено и менаџер во клубот.…

повеќе...

Голем успех на македонските кик боксери

Европскиот куп „Бихач Опен 2015“ и освоените 15 медали од исто толкав број на Македонски натпреварувачи беше повод за прием на претставници на Кик бокс Федерацијата во Агенцијата за млади и спорт. Успехот на нашите претставници е остварен во конкуренција на 473 натпреварувачи од шест држави. Македонија ја претставуваа млади, но искусни и перспективни кик-боксери кои нанижаа медали и докажаа дека ги следат стапките на своите постари колеги кои исто така беа дел од победничкиот тим. Златните медали на Варадинова, Јанков, Илиоски и Николовски беа надополнети со пет сребрени и…

повеќе...

Димитар Ѓоргиев прогласен за најдобар кикбоксер на Светскиот куп „Хрватска Опен 2014“

Најдобриот македонски кикбоксер, Димитар Ѓоргиев уште еднаш ги потврди сите свои нескриени квалитети, освојувајќи го престижниот светски куп „Хрватска Опен 2014“ кој викендов се одржа во Макарска. Ѓоргиев стигна до златниот медал во дисциплината кик-лајт во категоријата до 79 килограми, убедливо најдобар, триумфирајќи во трите борби со огромна разлика. Нашиот кикбоксер најпрво во првите две рунди славеше против Хрватот Филип Хркач, потоа и против Џенан Алибабиќ од БиХ, за да во финалето слави против хрватскиот репрезентативец Младен Секирица. „Секако дека сум задоволен од настапот во Хрватска, со оглед на тоа…

повеќе...