Втора изведба на „Не се клади на Енглези“ во Охрид

Поради големиот интерес за гостувањето на Македонскиот Народен Театар со претставата „Не се клади на Енглези“, од Народен Театар Охрид известуваат дека претставата ќе има и втора изведба истата вечер (6-ти октомври) со почеток од 22:20 часот. Картите за втората претстава ќе бидат пуштени во продажба во вторник во 10:00 часот. Цената изнесува 200 денари. Билетарницата при НУ Центар за култура „Григор Прличев“ работи секој ден од 10:00 – 20:00 часот. „Не се клади на Енглези“ е хит комедија од авторот Владимир Ѓурѓевиќ во која играат актерите Сашко Коцев, Оливер…

повеќе...

На 7ми мај урнебесната комедија „Аудиција“ пред охриѓани

НУ Центар за култура „Григор Прличев”-Охрид во соработка со Театар – „СОЛЗА И СМЕА” од Битола, на 7ми мај (сабота), пред охриѓани ќе ја изведе урнебесната комедија „Аудиција“, со почеток во 20:00 часот. Влез ќе чини 120 денари. Претставата „Аудиција“ е еден вид на комично шоу кое е работено според идејата на Сараевската Аудиција која беше мега-популарна на овие простори. Работена е на принцип на импровизација на актерот и притоа нема дефиниран драмски текст, а се работи за осум интересни типизирани ликови кои се пријавуваат на аудиција, за да станат…

повеќе...

Минстерката Канческа-Милевска го посети Театар Комедија

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска го посети Театарот Комедија, во чиј објект во моментов функционираат Албанскиот и Турскиот театар и се сретна со директорите Јелена Жугиќ, Адем Карага и Атила Клинче. „Во Македонија има голем број инвестиции во театарската уметност. Во моментов се градат нови театри. Почната е реконструкцијата на Албанскиот театар, а се гради Турскиот театар. По вселувањето на Македонскиот народен театар во новиот објект и по добивањето на овој простор на Театар Комедија, и овде се направија голем број реконструкции,“ рече Канческа-Милевска. Додаде дека со директорите разговарале…

повеќе...

Успешно започната првата македонска Стенд Ап турнеја

Актерот и стенд ап комичар Бојан Велевски успешно ја започна својата голема македонска турнеја низ 30 градови. По одличните настапи во Штип и Крива Паланка на 5ти и 7ми ноември продолжува со стенд ап комедија во Кочани и Гевгелија, а потоа следуваат и останатите градови од источна Македонија. Сите настапи се одржуваат во Домовите на култура. Бојан е првиот македонски стенд ап комичар кој се реши на ваков чекор- да ги посети сите македонски градови и бар за момент публиката која доаѓа да заборави на своето секојдневие и да се…

повеќе...

Денес ќе се прикажува комедијата „Солунски патрдии“ во изведба на драмскиот клуб при СОСУ „Св.Кирил и Методиј“

Драмскиот клуб при СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ – Охрид ги започнува активностите за Прослава на Патрониот празник 24 мај-Денот на Сесловенските Просветители Кирил и Методиј, со прикажување на комедијата „Солунски патрдии“. Комедијата ќе се одржи денес во Центарот за Култура „Григор Прличев“, со почеток во 18:00 часот. Влезот е слободен.

повеќе...