Се гради кружен тек на пресекот од „Туристичка“ и „Абаз Емин“

Во тек се активностите за изградба на кружната крстосница на пресекот на булевар „Туристичка“ со ул. „Абаз Емин“. Во завршна фаза е изградбата на новата атмосферска канлизација за одводнување на кружниот тек како и поставување на подземни инсталации од страна на заинтресираните економски оператори. Истовремено, јавните претпријатија „Нискоградба“ и „Проаква“ ќе обезбедат приклучоци за новата водоводна, атмосферска и фекална канализација. Дијаметарот на централниот круг на оваа кружна крстосница е 14 метри,а во самиот кружен тек ќе има две сообраајни ленти со широчина од 5 метри. Изведувач на градежните активности е…

повеќе...

Се асфалтира кружниот тек кај Охридска банка

Започна асфалтирањето на прекопите на кружната раскрсница на пресекот од улиците „Туристичка“ и „Македонски Просветители“. Асфалтирањето се одвива во две фази. Во првата фаза се поставува носив слој на асфалт а активноста се очекува да биде завршена за околу 3 работни дена. Во втората фаза ќе се поставува уште еден слој на асфалт,по што ќе се пристапи кон поставување на хоризонтална и вертакална сигнализација. На овој простор паралелно се извршуваат и подготвителни активности за оформување на секундарниот кружен тек, по што ќе следува негово асфалтирање исто така во две фази.

повеќе...

Оваа недела граѓаните да го избегнуваат кружниот тек кај Охридска банка

Поради градежни зафати – асфалтирање, на кружниот тек на пресекот на Булевар Туристичка со ул. Македонски Просветители, сообраќајот на овој потег е отежнат. Се молат граѓаните да го избегнуваат овој потег. Планирано е градежните зафати да траат до крајот на оваа недела.

повеќе...

Интензивно се работи на изградба на двојниот тек кај Охридска банка

Интензивно се работи на изградбата на двојниот кружен тек на крстосницата на пресекот на булевар „Туристичка“ со ул. „Македонски поросветители“. Во завршна фаза е изградбата на примарниот круг со дијаметар 24 метри по што ќе се гради секундарниот, помал круг со дијаметар од околу 3,5 метри. Веднаш потоа ќе следува поставувањето на два асфалтни слоја, со што ќе заврши оформувањето на падовите на коловозните конструкции на кружната крстосница. На овој простор веќе е поставена нова атмосферска канализација од страна на ЈП „Нискоградба“ а изведувачот АД Илинден од Струга паралелно работеше…

повеќе...