Ново намалување на цените на 282 лека

Министерството за здравство изврши ново намалување на цените на вкупно 282 лека. Со ова осмо по ред намалување, вкупната годишна заштеда ќе биде над еден милион евра. Со намалувањето опфатени се лековите за болничко лекување и лековите кои граѓаните ги купуваат во аптеките. „Намалувањето на цените на лековите е системска реформа на Владата на република Македонија и Министерствоот за здравство и Агенцијата за лекови која во континуитет ја спроведуваме со цел да овозможиме поголема достапност на лековите кои се неопходни за лекување на одредени заболувања, како и за превенција и…

повеќе...

Предавање за амазонската традиција на лекување во културниот центар „Кула“

Како дел од алтернативната програма во културниот центар „Кула“, Скопје ќе се одржи предавање за амазонската традиција на лекување. Во вторник (14 јули), со почеток во 20.00 часот, медицинскиот антрополог Дон Роберто ќе не воведе во амазонската шаманска традиција и нејзините алтернативни начини на употреба. Предавањето ќе биде фокусирано на лековитото својство на растенијата од амазонските прашуми кои се користат за лекување и за телесна и духовна трансформација во најдлабоките нивоа на човечкото битие. Според традицијата и филозофијата на амазонските племиња, интегралното лекување (во ментална, физичка, емотивна и духовна смисла)…

повеќе...

Груевски: Изготвивме системско решение за лекување ретки болести

 По примерот на европските земји, Владата изготви системско решение со кое се предвидуваат средства наменети за финансирање на лекување ретки болести. Средствата ќе се обезбедуваат преку одвојување дополнителен еден денар од кутија купена цигари предвидено со измени во Законот за акцизи. Ова го објави премиерот Никола Груевски на својот Фејсбук профил. „Предизвикот со лекување на пациентите со ретки болести е светски предизвик. Иако погодуваат 1 на 2.000 лица, сепак, тие засегнуваат голем број лица и семејства, имаат големо влијание на животот… Наша задача е да се трудиме да бараме начини…

повеќе...