Утре ќе се одржи Бадниковата литија низ улиците на Охрид

Во пресрет на Христовото раѓање – Божиќ, утре по 4–ти пат ќе се одржи Бадниковата литија во нашиот град. Поворката со над 300 деца во 10:30 часот ќе тргне од црквата Св.Ѓорѓи, преку улиците „Јане Сандански“ и „Кеј Македонија“ ќе заврши на плоштадот „Св.Климент Охридски“, каде ќе бидат дарувани децата коледарчиња. Манифестацијата ќе заврши со ручек во црквата Богородица – Каменско. Во чест на Христовото раѓање Божиќ, на градскиот плоштад е поставена макета на пештерата која го наговестува денот на христовото раѓање, изработена од монахињите од манастирот Св.Ѓорѓи Победоносец од…

повеќе...

Свечена литија – Еордија во Струга

Откако го прославивме светиот великомаченик Георгиј, според одамна востановената традиција во Струга, празнувањето продолжии ден потоа, на 07.05.2016 година. Празнувањето на Великиот Георгиј, започна во утринските часови, во храмот „Св. вмч. Георгиј“, со света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Никола Христоски, свештениците Васко Голабоски и Петре Бојчиноски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Христијан Костоски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодно слово, со кое ги поучи верните дека секој кој сака да…

повеќе...

Започна пријавувањето за учество во проектот „Бадниково навестување за раѓањето на Христос“

Се известуваат сите деца дека започна пријавувањето за учество во проектот „Бадниково навестување за раѓањето на Христос“. Целта на овој проект е повторно заживување на некогашната стара, изворна, духовна традиција за прослава на празникот, прославен со поворка, која традиционално се прави на Бадник. Имено станува збор за поворка во која ќе учествуваат дечиња, како своевидна праслика на ангелите кои со пештерата на раце симболично ќе го навестуваат раѓањето на Синот Божји, пеејќи ја некогашната стара коледарска песна „Вечниот Бог“. Дечињата исто така ќе носат и фенерчиња во раце, симболизирајќи ја…

повеќе...