Воведена привремена забрана за лов на диви птици

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство согласно член 16 став 4 од Законот за ловството донесе ЗАБРАНА за ловење на дивеч – диви птици. Забраната е привремена и се однесува на цела територија на Република Македонија поради опасност од ширење на заразна болест авијарна инфлуенца – птичји грип. Забраната за ловење диви птици стапува на сила веднаш и ќе трае се до нејзино отповикување. Казните за непочитување на привремената забрана се од 1.500 до 3.000 евра во денарска противредност за физички лица, а за правните лица е 8.000 евра.

повеќе...

Седум ловишта добија договори за користење на дивечот

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков денеска ги додели договорите за користење на крупен и ситен дивеч на седум ловишта под концесија во ловните реони Делчево, Македонска Каменица, Прилеп и во Македонски Брод. Со ловиштето „Стровија“, во следните 20 години ќе управува друштвото за лов „Баллтин Клепалл“ Црнилиште – Долнени, а концесијата изнесува 2.040.000 денари за првиот 10 годишен период. Друштвото за услуги, трговија и промет „Петрин Лоџ“ ДООЕЛ Македонски Брод е идниот концесионер на дивечот во ловиштето „Требовље“, за 1.081.300 денари, додека ловното здружение „Саса“ од Македонска…

повеќе...