Репортажа за Охрид со наслов „Безвременска љубов, езеро и луѓе“ е објавена на пет страници во престижното хрватско списание „Croatian Traveller“. Покрај репортажата во истиот број е објавено и интервјуто на градоначалникот Никола Бакрачески, кој специјално го даде за ова хрватско списание. Ваквите промоции на Охрид во странските медиуми, се реализираат според претходно подготвената програма за развој и унапредување на туризмот која ја изготви Секторот за туризам и локален економски развој. Целта на ваквите промоции е истакнување на целокупната туристичка понуда која ја нуди градот, но и Охрид како дел од…
повеќе...Tag: магазин
Охрид интересен за „Columbus Travel“
Холандскиот магазин „Columbus Travel“ веќе подолго време го следи Охрид. Мотото на магазинот е: „Место од каде можете да добиете инспирација за патување, создадено од и за патниците“. Покрај Охрид, овој магазин има објавено фотографии и написи за Струга, Битола, Скопје, за Охридското Езеро од македонска и од албанска страна. Охрид со својот сјај отсекогаш го привлекувал и ќе го привлекува вниманието на пошироката светска јавност, а ваквите написи се голем плус за Охрид и за Македонија. WebOhrid
повеќе...Македонија земја домаќин на мото-тура за претставници на Магазинот „Motociclismo” од Италија
Денес, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот оддржа прес конференција на која објави дека имаме задоволството Македонија да биде домаќин на информативно патување за претставници на Магазинот „Motociclismo” едно од најстарите списанија за мотоциклизам во светот кое одбележува 100 годишен јубилеј со патување низ нашата земја. Република Македонија како земја домаќин ќе добие максимална видливост и шанса да достигне илјади посетители преку јасна порака на насловната страница на списанието и статија на најмалку 40 страници. Ќе се сними и високo квалитетнo видео за промотивни цели кое ќе се прикажува…
повеќе...Светски познатото списание „HOLIDAY MAGAZIN“ пишува за убавините на Охрид
На неколку страни во престижното турско списание кое се печати на руски и англиски јазик, се пишува за Охрид како бисер на Балканот. Охридското езеро е опишано како едно од најубавите природни езера сместено во западниот дел на Македонија , а за Охрид како град кој со своите природни и културно- историски убавини е под заштита на УНЕСКО. Во одделен пасус се пишува за музичко сценската манифестација „Охридско Лето“. HOLIDAY MAGAZIN е доста популарно списание во светски рамки и се дистрибуира во големите аеродроми и трговски центри ширум Светов. Големата…
повеќе...