На 22.5.2017 во ОУ „Кочо Рацин “ Прилеп се одржа Државниот натпревар по македонски јазик каде ученичката Искра Атанасова –Митуш од ОУ „Григор Прличев“ го освои првото место, под менторство на наставничката Сузана Маленкова. Благодарение на успехот на ученичката следната 2018 година Државниот натпревар по македонски јазик ќе се одржи во ОУ „Григор Прличев“ Охрид.
повеќе...Tag: македонски
Мала, но благородна мисија за македонскиот јазик, за Македонија!
Поетско-музичкиот настан се одржа во Белишта, Република Албанија. Модератор на настанот беше поетесата Виолета Секоска а благодарение на македонскиот амбасадор г. Стојан Карајанов во Албанија, неговата сопруга г-ѓа Полка Карајанова и г-ѓа Елени Лоровска. Виолета Сековска рече: „Македонци, наши браќа и сестри, ви благодариме за оватопло добредојде, а ние сме среќни што сме меѓу вас. Ќе читаме, ќе рецитираме на Мајчин јазик. Сте се запрашале ли зошто се вели Мајчин јазик? Па по мајката. Има ли некој две мајки. НЕМА. Мајката не ја одбираме ние..Таа е единствена. Наша мајка е Македонија една…
повеќе...