На 19ти август, сабота, ќе се одржи 31то издание на Охридскиот пливачки маратон кој од 1962 година се случува во водите на Охридското езеро. Првата маратонска трка се одржала дури во 1954 година во должина од 2,5 километри да по неколку години трката се претвори во 30 километарско макотрпно докажување на спортски и пливачки способности, истрајност, дисциплина и храброст. Патеката на охридскиот маратон започнува од манастирот „Свети Наум“ и завршува на градското пристаниште во Охрид. Поради долгата традиција овој маратон од 1998 година стана дел и од Гран при серијата…
повеќе...Tag: маратонци
Претседателот Иванов ги пречека маратонците на својата цел – поттик и пример за сите млади луѓе
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов денеска го пречека познатиот спортист хуманист и светски рекордер Емил Илиќ кој придружуван од тројца млади маратонци, го заврши пешачкиот маратон во должина од 268 километри, што се реализираше по повод 25-годишниот јубилеј од независноста на Република Македонија. Претседателот Иванов, честитајќи го успехот на маратонците, истакна дека на овој наш голем празник, ваквиот подвиг е поттик и позитивен пример за сите млади луѓе во Македонија. Илиќ, на својата цел во Кабинетот на Претседателот, повика на обединување на граѓаните за напредок на нашата земја.…
повеќе...