Рокот за доставување договор и трансакциска сметка за ученички стипендии е 30 декември

Министерството за образование и наука потсетува дека сите кандидати – добитници на ученичка стипендија во некоја од понудените категории, потребно е да пополнат 3 примероци од договорот за соодветната стипендија и заедно со копија од трансакциска сметка на име на ученикот, најдоцна до 30.12.2015 година да ги достават во архивата на Министерството за образование и наука, или по пошта на адреса: Министерство за образование и наука, ул. “Св. Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје, со назнака “Договор за ученичка стипендија”. Договорите може да се преземат на следните линкови: Договор за…

повеќе...

Во тек е исплатата на паричните награди за учениците кои освоиле прво место на државни натпревари

Министерството за образование и наука информира дека во тек е исплатата на паричните награди за учениците од основно и средно образование и нивните наставници ментори, кои во текот на учебната 2014/2015 година освоиле прво место на државен натпревар, организиран од здружение на наставници кое е акредитирано за организирање на соодветен натпревар, од страна на Министерството. „До овој момент, на вкупно 36 ученици и наставници ментори кои аплицирале во Министерството за исплата на средства по основ на освоено прво место на државен натпревар, ќе им бидат исплатени парични награди од по…

повеќе...

Од понеделник екстерна проверка на средношколците од завршните години

Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар информираат дека во периодот од 26 до 30 јануари ќе се спроведе екстерната проверка на постигањата на знаењата на учениците од завршните години (трета и четврта) во средните училишта, согласно објавените распореди на интернет страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk. На наведената интернет страница е објавен и јавниот базен со вкупно 50 400 прашања на македонски, албански и турски јазик, коишто ќе бидат дел од тестовите за гимназиско и стручно образование за сите струки, насоки и предмети. Во оваа фаза, со процесот на екстерната проверка…

повеќе...

МОН за реформите во високото образование

Веднаш по формирањето на новата Влада, министерот за образование и наука, г-дин Абдилаќим Адеми, со цел да се запознае со состојбата во високото образование, со посебен акцент во приватните образовни установи, одлучи да формира посебна комисија за скенирање на состојбите во оваа сфера. Овој процес обезбеди целосна слика за високото образование, особено на приватните универзитети, со цел да се изградат политики кои ќе имаат вистинска поддршка и истите да служат за унапредување на образованието во земјата и да се обезбедат услуги и поквалитетни студиски профили, во согласност со побарувачката на…

повеќе...