Писмо: Квази-новинарски предизвици на охридскиот медиумски простор

Се понагласени се размислувањата на Охриѓани дека медиумскиот простор во некои од охридските интернет портали станува место за своевиден начин на изнудување, изразување на лични фрустрации и негодувања заради не исполнување на персонални барања и желби на одредена група на квази-новинари, квази- аналитичари, квази- колумнисти или квази-експерти. Имено се работи за појава при што истите, своите “видувања” ги истакнуваат на блогови или портали кои немаат импресум, нити уредничка структура, нити потписи на “новинари” под текстовите кои ги пишуваат, а неретко истите личности се јавуваат и како пишувачи на коментари се…

повеќе...

Томчо Алексоски ќе го презентира неговото досегашно искуство како новинар

Во сабота 28-јуни 2014 година со почеток од 12 часот, пред охридските новинари, ќе се презентира новинарското творештво на охриѓанецот – новинар Томчо Алексоски. Петте години јубилеј, активно новинарство на Томчо Алексоски ќе се одбележат во кафулето Queen во Т.Ц. Амам. Томчо Алексоски моментално работи како новинар во ТВ Морис. „Во телевизиските програми ни царуваат сапунски серии, а јас се гордеам што сум дел од една прекрасна редакција на ТВ Морис, која работи крајно професионално, почитувајќи ги повеќе од 20 години традиционалните вредности“. -вели Алексоски.

повеќе...