Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска синоќа во Музејот на македонската борба присуствуваше на ревијата на македонски традиционални народни носии од богатата ризница на Ансамблот на народни игри и песни „Танец“, активност која беше предвидена во рамките на одбележувањето на 65-годишнината од постоењето на оваа институција. „Во својата културна мисија низ децениите, овој колектив, кој го носи епитетот најстар и единствен државен ансамбл од ваков вид, прерасна во достоен репрезент на она најубавото, непроценливото македонско фолклорно богатство и творештво кое го потврдува идентитетот на македонскиот народ, за што сведочат и бројните…
повеќе...