Денес, во 21 Недела по Педесетница, во Неделата на светите Отци, и на празникот на преп. мч. Лонгин Антиохиски и на преп. Лонгин Печерски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, изврши осветување на параклисот посветен на празникот Покров на Пресвета Богородица, во манастирот „Сите Светии“ во с. Лешани, општина Дебарца, Охрид. Параклисот започна да се гради во 2012 година, а се изгради со манастирски средства и со донациите на сите добронамерни верници. По осветувањето, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на…
повеќе...Tag: осветување
Осветен храмот „Воскресение Лазарево“ во Охрид
Денес на денот кога го прославуваме споменот на преп. Пелагија, преп. Таиса и на св. мч-чка Пелагија, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј го освети храмот „Воскресение Лазарево“ на Градските гробишта во Охрид. Храмот започна да се гради на 29 август 2004 година, по иницијатива на иницијативниот одбор на чело со Митрополитот Тимотеј, а се изгради со особен финансиски придонес на компаниите „Митан-пром“ од Охрид, на чело со Перо Митан и на „Ремис“ од Охрид, на чело со Бошко и Олга Илоски, како и со финансиски средства од…
повеќе...Осветен камен темелник на храм „Св.Никола“ во Чекоштина
Во Дваесет и деветтата недела по Педесетница и на празникот на светиот Амвросиј Милански и на светиот Григориј Григоријатски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереите Никола Христоски и Димче Ѓорѓиески и свештениците Зоран Попоски, Љупчо Симиџиески и Ромео Петрески, го освети и го положи камен-темелникот за изградба на нов храм, посветен на светиот Николај Мирликиски Чудотворец, во населбата Чекоштина во Охрид. Храмот ќе се гради по иницијатива и со донациите на Цветко Грозданов од Охрид, како и со донациите на сите добронамерни верници од пошироката околина.…
повеќе...