Во текот на вчерашниот ден, како и денес, дел од екипите на „Јавна хигиена” при ЈП „Охридски Комуналец” направија акција за расчистување на коритото на река Сушица, на потегот од ул. „Живко Чинго” (кај отпадот), до амбулантата на ул. „Радојца Новичиќ”. Беа ангажирани 4ца работници и беа собрани околу 80 вреќи на комунален отпад, пластични шишиња, градежен отпад и друг вид на отпад, депонирани од околните куќи. Друг дел од екипите работеа на расчистување на ул. „15ти Корпус” од остатоците од песок и земја. Со акциите се продолжува и во…
повеќе...Tag: охрида
Oд јуни „Ер Србија“ трипати неделно ќе лета од Белград за Охрид
Српската авиокомпанија „Ер Србија“ најави дека од јуни оваа година ќе воведе три сезонски летови неделно на релација Белград – Охрид. Според информациите што ги соопшти српскиот национален авиопревозник, летовите ќе се реализираат во понеделник, среда и во петок, а патниците ќе летаат со турболесен авион „ATP“ со 66 седишта. Охридските туристички работници очекуваат нов прилив на гости од Србија, но и од други подрачја, бидејќи поволните конекции им одат во прилог на туристите што спојуваат море и езеро. „Ер Србија“ ќе го зголеми бројот на летови од Белград кон…
повеќе...Се поставуваат нови автобуски постојки во Охрид
Во рамките на Годишната програма на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици за комунално уредување на градот а согласно приоритетите на градоначалникот Никола Бакрачески за осовременување на градот ,деновиве започна поставувањето на нови автобуски постојки на територијата на општина Охрид. Според предвиденото, ќе бидат поставени вкупно пет нови автобуски постојки на најфреквентните локации на булеварот „Туристичка“. Две ќе бидат во блилзина на марќетот „Тамаро“ непосредно пред пресекот на булевар „Туристичка“ со ул.„Абаз Емин“,една веднаш по новоизградениот кружен тек на прескот на Туристичка со ул.„Македонски просветители“. Деновиве ќе биде поставена нова…
повеќе...