Намален бројот на превезени патници со автобуси

Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2016 година, во однос на истиот период од 2015 година, вкупниот број на превезени патници во патниот патнички превоз е намален за 8.2%. Според видот на превоз, бројот на превезените патници во градскиот превоз е намален за 12.5%, во приградскиот превоз за 0.5%, во меѓуградскиот превоз за 5.1%, додека во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 6.3%. Во однос на третото тримесечје од 2016 година, вкупниот број на превезени патници е зголемен за 25.2%. Според видот на превоз, бројот на превезените патници…

повеќе...

Hello Travel Ohrid – превоз на патници

Hello Travel Охрид врши превоз на патници во земјава и странство со квалитетни и удобни возила 6+1, 8+1, 20+1, патници и минибуси до 21 патник. Hello Travel Охрид исто така врши превоз на патници во организирани екскурзии, интернационални аеродроми, семинари, свадби, after work party, како и врши превоз според Вашите потреби. Тел: 078 910 442 hellotravel.oh@gmail.com www.facebook.com/hellotravel.oh

повеќе...

Намален бројот на превезени патници со автобус

Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2015 година, во однос на истиот период од 2014 година, бројот на превезените патници во градскиот превоз е намален за 27,9%, во приградскиот превоз е зголемен за 3,2%, во меѓуградскиот превоз за 5,5%, додека во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 8.4%. Во однос на истиот период од 2014 година, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 29,0%, во приградскиот превоз за 2,4%, во меѓуградскиот превоз за 1,0%, додека во меѓународниот превоз зголемувањето изнесува 2,8%.

повеќе...

Рекорден број патници на македонските аеродроми

Рекорден број патници на двата македонски аеродроми е забележан во месец јули, односно раст од 28 отсто на годишно ниво. Во споредба со јули 2014, во јули 2015 година бројот на патници е зголемен за 28% на годишно ниво, или ако лани во јули македонските аеродроми имале 144.784 патници, оваа година во јули бројот на патници изнесува 185.811. „Во периодот Јануари-Јули 2015 година, бројот на патници е зголемен за 17%, од 704.563 патници во првите седум месеци од 2014 година, на 823.492 патника во првите седум месеци од оваа 2015…

повеќе...

Зголемен бројот на патници на аеродромите во Охрид и во Скопје

За првиот квартал од оваа година (јануари-март) на двата аеродроми во државава е забележано зголемување на бројот на превезени патници, споредено со истиот период минатата година. Имено, во овие три месеци од двата аеродрома во Република Македонија – аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид се превезени вкупно 268.400 патници, додека во истиот период минатата година биле превезени вкупно 207 963 патници што претставува зголемување на бројот на превезени патници од 29, 1 %. На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, во периодот од јануари до…

повеќе...

Зголемен бројот на превезени патници и стоки

Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2014 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 1 929 000, во железничкиот превоз 208 000, во градско-приградскиот превоз 19 669 000, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 428 284. Во истиот период, во споредба со третото тримесечје од 2013 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 13.2%, во железничкиот превоз за 21.3%, додека во воздухопловниот превоз зголемувањето изнесува 96.4%.

повеќе...

Превезени патници и стоки

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2014 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 1 711 000, во железничкиот превоз 191 000, во градско-приградскиот превоз 22 000 000, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 349 626. Во истиот период, во споредба со второто тримесечје од 2013 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е намалено за 1.6%, во железничкиот превоз за 2.4%, додека во воздухопловниот превоз зголемувањето изнесува 15.8%.

повеќе...