Во рамки на наставната програма по предметот Природни науки учениците од трето одделение од ОУ „Григор Прличев“ Охрид денес беа во посета на АД „ЖИТО-ЛЕБ“ Охрид. Заедно со нивните наставнички учениците имаа можност да го видат процесот на производство на леб и бели пецива. Основците посетија различни погони за производство и пакување на различни видови на леб и пецива. На крајот учениците беа почестени со вкусни пецива и си заминаа задоволни од посетата, секако понесувајќи со себе нови искуства и дополнителни знаења. WebOhrid
повеќе...Tag: пекарница
Потребни итни мерки во мелничко-пекарската индустрија за да се заштитат домашните капацитети и земјоделците
Ситуацијата во мелничко-пекарската индустрија е крајно алармантна. Потребно е итно да се преземат одредени мерки со цел да се изнајде решение и да се спречи напливот на евтино увозно брашно кое се увезува по цена на чинење на домашната пченица која мелничарите ја купуваа во жетва од една страна, како и да се предложат на ресорното Министерство мерки кои подолгорочно би имале ефект во мелничарството. Мелничарите воедно алармираат дека доколку не им се помогне во најкраток можен рок, голем дел од нив ќе ги затворат своите објекти или нема да…
повеќе...