Со гала концерт на пијанистот Шилде ќе биде отворено првото издание на фестивалот Piano Summer Ohrid

Вечерва, 17-ти август во 19.30 во Св. Софија, во присуство на еминентни гости од странство, со гала концертот на реномираниот пијанист и професор Клаус Шилде, под чие водство ќе се одржи годинешната меѓународната летна академија ќе се отвори фестивалот PIANO SUMMER OHRID. „Со задоволство ги очекуваме сите љубители на пијано музиката.“– велат организаторите. Влезниците ќе се продаваат од 19:00 на лице место.

повеќе...

Наш, а светски: Прв „Piano summer festival“ во Охрид

Од 17 до 27 август во Охрид за прв пат ќе се одржи фестивал од светски рамки „PIANO SUMMER OHRID“, во организација на здружението КЛАВИРСКО ЛЕТО, оформено од страна на македонски и странски државјани меѓу кои и реномирани уметници, чија цел е да се оствари контакт меѓу врвните светски музичари и младите таленти кои ќе имаат можност да ги прошират своите уметнички видици а исто така со концертните настапи да се претстават во јавноста. Во рамки на фестивалот ќе се организира и Меѓународна летна академија за пијано која ќе биде…

повеќе...

„Кинескиот Паганини“ утревечер на Охридско Лето

И повторно двајца исклучителни изведувачи на програмата на „Охридско лето“. Фестивалската програма секогаш и‘ нуди на публиката одлична можност да ги запознае „во живо“ големите музичари од различни земји. „Со врвните и незаборавни концерти на светски познатите пијанисти Елизавета Леонскаја, Аркадиј Володос и Максим Мрвица, се потврди дека 54тото издание на Охридско Лето ќе биде запаметено по учеството на оваа пијанистичка елита. Сега следи претставувањето на овогодинешните „виолинистички ѕвезди“ кои ќе бидат дел од ова фестивалско издание. За прв пат на фестивалот, а и во Македонија, ќе настапи „Кинескиот Паганини“…

повеќе...

Мегаѕвездата Мрвица блесна пред преполниот Антички театар

Публика од Охрид, од внатрешноста на Македонија, како и специјални гости од странство синоќа дојдоа да го проследат неповторливиот настап на хрватскиот пијанист и кросовер музичар Максим Мрвица на Античкиот театар. Мрвица не остана рамнодушен на сцената на Античкиот театар, која, како што рече, е доказ за историјата и за античкото минато на градот, но и многубројната публика со нескриена возбуда го проследи овој настан кој ќе остане долго запаметен како еден од најатрактивните на годинешното 54.издание на фестивалот „Охридско лето“. Светски познатиот уметник кој светската слава ја стекнува уште…

повеќе...

Мрвица: Секогаш бев отворен за експериментирање со музиката

Хрватскиот пијанист Максим Мрвица претпладнво на прес-конференција најави дека вечерва на Антички театар ќе приреди репертоар којшто публиката на „Охридско лето“ долго ќе го памети. Тој рече дека првпат настапува во Македонија, и изрази задоволство што ќе биде дел од еден реномиран фестивал на кој дефилираат најголемите светски музички имиња. „Многу ми е мило што настапувам на еден ваков реномиран фестивал на кој настапуваат големи светски имиња, и особено пијанисти кои многу добро ги знам и се дел од светската музичка елита. Публиката што ќе дојде вечерва на концерт ќе…

повеќе...

За прв пат ќе се одржи „Piano Summer Ohrid“

За прв пат во Охрид, од 17-ти до 28- ми август ќе се одржи манифестација „Piano Summer Ohrid“. „Piano Summer Ohrid“ е фестивал, меѓународна летна академија по пијано и можност за вдахновувачки средби меѓу уметници и љубители на музиката од цел свет. Покрај летната академија која ќе биде под водство на пијанистот и професор, 90годишниот Клаус Шилде од Германија, учесниците и пријателите на овој фестивал ќе може да уживаат во разновидна дополнителна програма (концерти, пијано маратон и предавања) со реномирани концертни имиња од Јапонија, Германија, Русија, Јужна Кореја, Унгарија и Србија.

повеќе...

Маестралниот светски пијанист Максим Мрвица на „Охридско лето“

Во рамки на годинешното издание на Охридско Лето, македонската публика за прв пат ќе има задоволство и прилика да биде дел од концертот на светски познатиот и исклучително атрактивен кросовер и класичен музички уметник, хрватскиот маестрален пијанист МАКСИМ МРВИЦА. Концертот на, како што го нарекуваат, „пијанистичкото чудо од Шибеник“ кој молскавично ја освои меѓународната сцена, ќе се одржи на 26. јули во Античкиот театар во Охрид. Максим Мрвица е музички талент кој на 11 годишна возраст го одржал својот прв концерт како солист со оркестар, а речиси 30 години подоцна…

повеќе...