Во сообраќајна незгода кај Подмоље загина 20-годишен охриѓанец

На 20.06.2014 година, во 01,40 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево кај надвозникот кај с.Подмоље се случила сообраќајна незгода во која патничко возило „шкода фелиција“ управувано од Жарко Ц.(20) од Охрид, удрило во бетонски столб од надвозникот, при што насталан пожар, а потоа и експлозија. Во незгодата на лице место починал Жарко.

повеќе...

Дефект на главната водоводна мрежа во Подмоље, Оровник, Горенци и Требеништа

Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“ испрати известување до медиумите, во кое стои: „Се известуваат жителите на населените места Подмоље, Оровник, Горенци и Требеништа дека поради дефект на главната водоводна мрежа, во текот на денешниот ден и ноќта, нема да има вода за пиење. Екипите на Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“ се на терен и во утринските часови се очекува нормализирање на водоснабдувањето.“ – известуваат од ЈПК „Дебрца“.

повеќе...