Добитник на наградата за најдобра поема за 2015 е авторот Глигор Стојковски

Наградата за најдобра поема за 2015 година „Григор Прличев“ се додели на поемата „Кирил 1830- Кирил 2001“ под шифра „Кирил“. Добитник на наградата е авторот Глигор Стојковски. Наградата за најдобра поема „Григор Прличев“ ја доделува НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид. Глигор Стојковски (1952) бил новинар во „Нова Македонија“ и „Утрински весник“, главен уредник на „Култура“, сега е сопственик на издавачката куќа ВиГ ЗЕНИЦА. Автор е на поетски книги: Починка во чисти честички, Пајак, Очно дно, Студена минута, Зад билката молк, Око заборавено на небото, Порој, Капка оловна вода,…

повеќе...

Распишан конкурс за најдобра необјавена поема на македонски јазик

Националната Установа Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид распишува: ЈАВЕН ОГЛАС За најдобра необјавена поема на македонски јазик Григор Прличев за 2015 година Конкурсот се реализира по повод и во рамките на манифестацијата Прличеви Беседи која се одржува во НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид во месец февруари со поддршка на Министерството за култура. Јавниот оглас ќе трае до 20-ти октомври годинава. „Темата на поетите е слободна, но делото да не биде помало од 912 стихови, конкурсот е анонимен, следува парична награда. За наградата одлучува тричлено жири сотставено од стручни лица.“–…

повеќе...