Невреме во Албанија – исклучена струја, поплавени куќи, блокирани автопатишта

Лошото време и обилните врнежи од дожд што синоќа и утрово зафатија делови од Албанија предизвикале прекин на електричната енергија во поголем дел од главниот град на земјата, јавува дописникот на „Мета“ од Тирана. Од фирмата за дистрибуција на електрична енергија (ОШЕЕ) соопштиле дека некои од трансформаторите биле поплавени поради што морале да ја исклучат струјата за да можат да интервенираат и да го намалат нивото на водата. Во изминатите неколку часа, поради силните ветрови, имало големи бранови во морето, поради што два траекти кои сообраќаат на релацијата Валона –…

повеќе...

Учениците од поплавените подрачја ќе добијат училишен прибор

Учениците од поплавените подрачја ќе добијат училишен прибор кој до училиштата ќе биде дистрибуиран во наредните денови. Мерката ја најави Владата на РМ и ќе ја спроведе Министерството за образование и наука. „Обезбедена е компанија која ќе изврши дистрибуција на училишниот прибор во наредните денови до учениците во местата кои беа поплавени. Веќе се комплетираат пакетите соодветно на возраста односно на одделението на учениците. Деновиве очекуваме да заврши финалното доставување на списоците од страна на комисијата и на општинските власти кои треба да ги потврдат. Има ученици кои се во…

повеќе...

Потпишан договор за санирање на најкритичните точки на браните на река Пена

Договор за помош вреден 330.000 евра за санирање на најкритичните точки на браните на реката Пена во Полошкиот регион денеска потпишаа министерката за локална самоуправа Ширет Елези и постојаниот претставник на УНДП Лујза Винтон. „Безбедноста на граѓаните е на прво место. Министерството за локална самоуправа преку своите програми со поддршка на меѓународната заедница ќе продолжи со директна поддршка за целосно отстранување на ризиците од излевање на реката Пена и заштита на населението во Полошкиот, но и во другите плански региони во државата“, истакна Елези. Потсети дека изминатата година со поддршка…

повеќе...

Исплатени зголемените социјални надоместоци во поплавените региони

Шестотини и педесет семејства од поплавените подрачја приматели на парични надоместоци за права од областа на социјалната и детската заштита ги добија надоместоците со 50 процентно зголемување, како дел од пакетот мерки за помош на загрозените граѓани, информира денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. Појасни дека надоместоците со 50-процентното зголемување се исплатени за 650 семејства приматели на социјална парична помош, постојана парична помош, надоместок за помош и нега од трето лице, за мобилност, за слепило и глувост, како и надоместоците што ги добиваат родителите на децата со…

повеќе...

Почна исплатата на авансната помош за поплавените

Почна авансното обесштетување на семејствата од поплавените подрачја. Вкупно 2.154 лица, кои беа опфатени во евиденцијата на Комисијата за проценка на штетите во скопскиот и тетовскиот регион можат да ги подигнат парите на шалтерите на банките со документи за идентификација – лична карта или пасош. Министерството за финансии вчера ги префрлило парите на посебните наменски сметки во деловните банки. „Исплатата ќе продолжи и во наредниот временски период, согласно податоците кои ќе ни бидат доставувани од Комисијата за надомест на штети. Се работи за префрлање средства на 2.154 граѓани“, изјави вчера…

повеќе...

Тодоров: Во поплавените подрачја нема епидемија

Нема заразни заболувања во поплавените подрачја во скопско, изјави вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров. Тој истакна дека досега се дезинфицирани околу 30 милиони метри квадратни и околу 4.500 куќи и бројот на лица кои бараат помош постојано се намалува. ­ „Ако првите денови бил стотина, сега тој број е седум. На Клиниката за инфективни болести нема лица со заразни заболувања од тие подрачја. Имаме комплетна контрола над ситуацијата и за среќа немаме епидемија иако ги имаше сите предуслови да ја има. Она што експертите ми го сугерираа е…

повеќе...

Продолжуваат активностите на СДСМ за помош на граѓаните

Денеска продолжуваат активностите на СДСМ за помош на граѓаните од погодените подрачја на коишто им е најпотребна. Се расчистуваат домовите и дворовите на граѓаните, се дели вода за пиење, конзевирана храна и средства за лична хигиена.

повеќе...

Собрани 23.110 денари на хуманитарната забава во пабот „Даблин“ за поплавените подрачја

На вчерашната хуманитарна забава во организација на Охрид Денес, која се одржа во ирскиот паб Даблин беа собрани 13.110 денари во кутиите за донации за помош на жителите од поплавените подрачја во Скопје. Со донациите на хуманите сограѓани и донацијата на паб Даблин вкупно беа собрани 23.110 денари кои утрово беа уплатени на официјалната жиро-сметката за помош на жителите на поплавените подрачја во Скопје. Организаторите изразуваат голема благодарност до персоналот и сопственикот на паб Даблин, Аце Савески кој донираше дополнителни 10.000 денари како повеќе би помогнале на настраданите сограѓани во Скопје.…

повеќе...

Тодоров: Полицајците и војниците си го ризикуваа животот и ја пребараа секоја педа во поплавите

Штетата ќе биде надоместена, нам не боли што во невремето животот го изгубија 22 луѓе, вели вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров, во гостување на ТВ Нова. Тој уште еднаш изрази сочувство до семејствата на настраданите. „Вечерта во 3 часот беше првиот состанок на оперативниот штаб во Автокоманда. Сите беа на терен, војската и полицијата веднаш интервенираа. Тогаш беше првиот брифинг, информациите беа дека станува збор за страшна природна непогода и веднаш се договоривме како да се през мерки. Првата одлука беше да се започне со прва фаза која…

повеќе...

Собранието донесе заклучоци за настраданите во поплавите

Собранието вечерва усвои заклучоци за тоа што треба да се преземе за санирање на последиците од невремето од 6 август и поплавите што следеа во скопскиот и тетовскиот регион, во кои загинаа 22 лица, десетици се повредени, а причинета е огромна материјална штета. Со усвоените заклучоци, меѓу другото, Собранието се заложува државните и сите надлежни институции да продолжат да излегуваат во пресрет на жителите од погодените подрачја се до конечно остранување, санирање и ублажување на последиците од катастрофалната временска непогода. Се бара Владата да го реализира заклучокот за авансно обесштетување…

повеќе...