Кривична пријава и притвор за лицата поврзани со убиството на младото момче во Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „убиство“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.У. (29) од Краљево-Република Србија. Во пријавата, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ опфатени се и М.П.(26) и Ѓ.П.(25) двајцата од Краљево-Република Србија. На тројцата пријавени одредена им е мерка притвор во траење од 30 дена. На први јануари оваа година околу 02 часот, во кафе барот „Табана“ на улицата „Цар Самоил“ во Охрид, се случило нарушување на јавниот ред и мир со жестока вербална расправија помеѓу две групи во…

повеќе...

Нов образец ПДД-АДП/КД – аконтативна даночна пријава за остварени капитални добивки

Врз основа на Законот за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход („Службен весник на РМ“, бр.116 од 09.07.2015 година) се донесе Правилник за изменување на Правилникот за формата, содржината и начинот на пополнување на аконтативната даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход за капитални добивки и новиот образец “ПДД-АДП/КД“ – Аконтативна даночна пријава за остварени капитални добивки, објавени во „Службен весник на РМ”, бр.179 од 16.10.2015 година, a со примена од 17.10.2015 година. Новиот образец “ПДД-АДП/КД“ може да се преземе од веб страницата на…

повеќе...

Кичевчанец приредувал игри на среќа без дозвола од надлежен орган

Поради постоење основи на сомнение за сторени три казнени дела „приредување игри на среќа без лиценца односно дозвола од надлежен орган“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Г.А. (34) од кичевското село Грешница, Н.А. (41) од селото Зајас како и против правниот субјект „Студио д Бест“ сопственост на Н.А. На 27 минатиот месец, полициските службеници и инспекторите од УЈП-регионална дирекција Тетово, извршија контрола во уплатни места на спортска обложувалница „Џокер“ лоцирани во нерегистрирани објекти-чајџилница во селото Грешница сопственост на Г.А. и во „Студио д Бест“ соственост на Н.А.…

повеќе...

СВР Охрид поднесе кривична пријава за поранешниот градоначалник Александар Петрески

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.П.(50) од Охрид. Во периодот од декември 2012 до март 2013 година, пријавениот во својство на градоначалник на ЕЛС општина Охрид, делувајќи по претходна умисла, веројатно со намера да се стекне со што поголемо општествено влијание како кандидат за Градоначалник на општина Охрид во пресрет на Локалните избори 2013, спротивно на Законот за работни односи противправно склучил сто шеесет и пет договори за времени вработувања и вработувања со договори…

повеќе...

Пронајдена дрога кај албански државјанин кој привремено престојувал во Кичево

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни сустанци и прекурсори“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Д.Б. (22) од Елбасан-Република Албанија. На 19-ти овој месец, при претрес во куќа на улицата „11 септември“ во Кичево каде пријавениот привремено престојувал, пронајдени се 40,7 грама наркотична дрога марихуана. Тој неовластено ја набававил со цел за натамошна продажба на наркозависници од Кичево. Кај Д.Б. во кутија за цигари оставена во својата јакна пронајдени се две мали опаковки со марихуана…

повеќе...

Кривична пријава за охриѓанец поради тешка телесна повреда

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.Ѓ.(29) од Охрид, за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 03.07.2014 година, во комплексот „Св. Наум“ во Охрид, настанала вербална расправија помеѓу пријавениот, 43 годишно лице од Битола, а потоа и тепачка во која пријавениот на оштетениот му нанел тешка телесна повреда-скршеница во пределот на лицето.

повеќе...