Груевски: Остануваме посветени на ветеното, ќе се зголемат пензиите и социјалната помош

Посветени сме на она што го ветивме и ќе останеме посветени на тоа, независно што се случува и со какви подмолни напади се соочуваме, истакна премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се реализираат одредени проекти како што сe зголемувањето на пензиите и социјалната помош, со оглед на сериозната политичка состојба во земјата. Владата, нагласи, ќе остане посветена на реализација на она што е ветено во предизборната програма и ќе останат доследни на тоа. „Сакам да истакнам дека досега пензиите се зголемија во просек од околу 62 проценти…

повеќе...

Европски искуства од програмата Еразмус плус за ранливите категории на граѓани

Заменик градоначалникот на општина Охрид, Ангел Јанев, денес во општина Охрид прими дел од учесниците на семинарот „Пристап до сите“ од програмата Еразмус плус на Европската Унија. На семинарот учествуваат студенти од Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија и Хрватска, кои низ работилници на повеќе теми, размената на искуства и примена на европските стандарди, бараат начини за поголема општествена инклузивност на граѓаните со инвалидитет. Општина Охрид, како што истакна Јанев, во рамките на своите законски надлежности и во своите развојни програми, посветува особено внимание на оваа група на граѓани, за нивна…

повеќе...

Груевски: Зголемување на социјалните надоместоци во јули, на пензиите во октомври

Зголемувањето на пензиите и на социјалните додатоци за пет проценти предвидени за 2015 година ќе се реализира согласно планот на Владата, изјави денеска премиерот Никола Груевски. „Планот согласно подготвениот и усвоен буџет е во октомври да дојде до зголемување на пензиите, значи за пензионерите кога ќе ја земат пензијата во октомври да биде зголемена, а во месец јули да бидат зголемени социјалните надоместоци. Станува збро за 2015, како што имаме и ветено практично,“ рече премиерот Груевски на новинарско прашање по промоцијата на новонабавена медицинска опрема во Клиниката „Свети Наум Охридски“…

повеќе...

Спасов: Задолжителното социјално осигурување овозможува и докуп на стаж

Воведувањето задолжително социјално осигурување за лицата коишто имаат приход по основ на авторски договор и договор за дело овозможува за сите коишто не ги исполнуваат условите за старосна пензија да докупат или да ги одработат тие години кои што им недостасуваат, изјави денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. „Мерката за воведување задолжително социјално осигурување за лицата коишто имаат приход по основ на авторски договор и договор за дело има уште еден позитивен аспект, тоа е за сите оние лица коишто не ги исполнуваат условите за старосна пензија…

повеќе...

Центри за лекување депресија во здравствените домови до крајот на годинава

Почнувајќи од наредната недела, во претстојниот период до крајот на годината во речиси секој здравствен дом во Република Македонија ќе биде отворен дневен центар за лекување на депресија. Станува збор за нов проект од областа на превенција на менталното здравје. Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, кој рече дека станува збор за центри кои ќе работат еднаш неделно, во период од 14 до 20 часот. Во секој центар, посочи министерот, ќе биде ангажиран по еден специјалист психијатар, кој ќе дава здравствени услуги на пациентите без…

повеќе...