ОУ „Христо Узунов“ во организација на Асоцијацијата за спортови, „Спорт за сите, сите за Спорт“ и сесрдна помош на Македонскиот Олимписки Комитет (МОК), денес одржа Олимписки ден на спортските терени и во дворот на училиштето. Учениците се натпреварува во девет спортски дисциплини, а манифестацијата беше збогатена и со инвентивна уметничко сценска програма. „Континуираното инвестирање во спортот, во спортската инфраструктура, во поединците веќе вродува со плод, за кое што лично можам да кажам дека сум многу горд. Охрид живее во духот на спортот. Инвестирањето во повеќенаменските игралишта низ целата територија во…
повеќе...Tag: спорт
Основци од Охрид утре во посета на спортски терени, објекти и клубови
Во рамките на реализација на програмата на Сојузот на спортови Охрид, популаризација на спортот, утре во периодот од 10:00-13:00 часот, во соработка со Основното училиште „Живко Чинго“ од Велгошти и Основното училиште „Ванчо Николески“ од Лескоец, ќе се промовираат одредени спортски терени, објекти и клубови. За таа цел ќе биде посетeна спортска сала, големиот фудбалски терен и теренот за фудбал со вештачка трева при ЈП „Билјанини Извори“. Потоа ќе бидат посетени Кајак кану клубот „Стрмец“ и Едриличарскиот клуб „Стрмец“. Се очекува присуство од над 150 ученици.
повеќе...МОК ќе биде организатор на 38-та сесија на Европските олимписки комитети
Македонскиот олимписки комитет ја доби честа и довербата да биде организатор на 38-та сесија на Европските олимписки комитети (ЕОК) во 2017 година. Ова беше одлучено на 37-та сесија на ЕОК, која се одржа во Тарагона, Шпанија, на која учествуваа Генералниот секретар на МОК, д-р Сашо Поповски и спортскиот директор на МОК, Владимир Богоевски. На оваа сесија учествуваат преку 200 претставници од Европските олимписки комитети, од Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) и Асоцијацијата на Националните олимписки комитети, од Светската анти-допинг агенција (WADA), Судот за спортска арбитража (CAS), претседатели на Меѓународните и Европскитe…
повеќе...Турската компанија „D`S Damat“ нов партнер на ФФМ
Фудбалската федерација на Македонија и реномираната турска компанија D`S Damat денеска потпишаа договор за меѓусебна соработка. На претставувањето присуствуваа претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, генералниот секретар на федерацијата, Филип Поповски и претставници на D`S Damat од Турција предводени од сопственикот на „Орка холдинг“, Сулејман Оракчоглу. Обраќајќи се на присутните, претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски истакна задоволство од потпишаниот договор и соработката со D`S Damat. „Во деловниот свет во земјата и пошироко значењето на фудбалот е огромно. Кога разговарате со одредени деловни партнери на крајот секогаш фудбалот е темата која поврзува…
повеќе...Меѓународен кошаркарски турнир за јуниори
Екипата на Игокеа, триумфираше на премиерното издание на Меѓународниот кошаркарски турнир за јуниори кој викендов го организираше кошаркарскиот клуб АВ Охрид 2016, во спортската арена „Билјанини Извори“. Второто место го освоија јуниорите на Партизан од Белград, третото место и припадна на Слобода од Тузла, а четвртото на домаќинот АВ Охрид.На турнирот учествуваа и екипите на Работнички и МЗТ од Скопје и Црвена Звезда од Белград. ЈП Билјанини Извори, во соработка со Општина Охрид и КК АВ Охрид, уште еднаш покажа дека го оправдува приматот на најдобар домаќин на големи спортски…
повеќе...Интервју со младата охридска атлетичарка Стефанија Ристеска
Во Охрид отсекогаш постоеле таленти кои се занимаваат со атлетика. Таков е и примерот со младата 13-годишна атлетичарка од Охрид – Стефанија Ристеска, која е ученичка во VIII-4 одделение во ОУ „Христо Узунов“. Во интервјуто за WebOhrid, таа открива дека најголема желба и е да учествува на Олимписките игри. WebOhrid: Oд каде љубовта кон атлетиката и од кога почна да се занимаваш со овој спорт? Стефанија: Љубовта кон атлетиката ја добив од моите родители и моите предиспозиции уште од мали нозе за трчање. Со атлетика почнав да тренирам активно во…
повеќе...Селекторот Ангеловски го објави списокот на играчи за натпреварите против Азербејџан и Иран
Селекторот на А репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета на престојните контролни натпревари против Азербејџан во австриски Швадорф на 29. мај и против Иран на националната арена „Филип Втори“ во Скопје на 2. јуни. Голмани: Столе Димитриевски (Гранада, Шпанија), Игор Алексовски (Македонија ЃП). Одбрана: Леонард Жута (Ријека, Хрватска), Кире Ристески (Вашаш, Унгарија), Стефан Ристовски (Ријека, Хрватска), Ванче Шиков (Австрија В., Австрија), Дарко Велковски (Вардар), Ѓоко Зајков (Шарлероа, Белгија), Егзон Бејтулаи (Шкендија). Среден ред: Дејан Пешевски (Подбрезова, Словачка), Енис Барди (Ујпешт, Унгарија), Бобан…
повеќе...Лино Червар е новиот селектор на машката ракометна репрезентација
Комисијата назначена од Управниот Одбор на РФМ за избор на селектор констатираше пет пристигнати пријави за селектор на Машката сениорска репрезентација и тоа: Владимир Глигоров, Александар Брковиќ, Лино Червар, Robert Hedin и Jordi Lluelles Mlserol. По разгледувањето на пријавите, членовите на Комисијата едногласно го предложија Лино Червар за нов селектор на Машката сениорска репрезентација, до членовите на Управниот одбор на РФМ, а предлогот беше прифатен од УО на РФМ. Исто така, Управниот Одбор на РФМ, го прифати предлогот на РК Вардар од Скопје, Пепи Манасков да биде назначен за ВД Селектор на Кадетската репрезентација на…
повеќе...Шкендија го освои Купот на Македонија
Екипата на тетовска Шкендија успеа да го освои првиот трофеј од националниот куп против Работнички во својот трет обид. Во еден крајно динамичен, возбудлив и натпревар до самиот крај, фудбалерите на Шкендија славеа победа со 2:0. На националната арена „Филип Втори” и двете екипи одиграа еден израмнет натпревар, со доста отворена игра, мн борба и шанси пред двата гола. Избраниците на селекторот Бруно Акраповиќ беа многу посигурни во завршница, искористија дел од своите можности и сосема заслужено се радуваа на освоениот трофеј од купот на Македонија. Натпреварот започна со отворени…
повеќе...Агенцијата за млади и спорт оствари средба со параолимписките медалисти
Денеска во просториите на АМС беа дел од параолимпискиот тим на Македонија, кој ќе ја претставува нашата земја во РИО, но и тим кој од Светскиот куп во Хановер се врати со одлични резултати. Имено, златната олимпијка од Лондон 2012, Оливера Наковска Бикова се закити со средбрениот медал, додека пак бронзата беше највисокото одличје во екипна конкуренција на нашиот тим. Агенцијата за млади и спорт во континуитет дава поддршка на Федерацијата за спорт и рекреација на инвалидизирани лица, а нашите спортисти ни возвраќаат со одлични настапи и медали од големите…
повеќе...