Лино Червар е новиот селектор на машката ракометна репрезентација

Комисијата назначена од Управниот Одбор на РФМ за избор на селектор констатираше пет пристигнати пријави за селектор на Машката сениорска репрезентација и тоа: Владимир Глигоров, Александар Брковиќ, Лино Червар, Robert Hedin и Jordi Lluelles Mlserol.

По разгледувањето на пријавите, членовите на Комисијата едногласно го предложија Лино Червар за нов селектор на Машката сениорска репрезентација, до членовите на Управниот одбор на РФМ, а предлогот беше прифатен од УО на РФМ.

Исто така, Управниот Одбор на РФМ, го прифати предлогот на РК Вардар од Скопје, Пепи Манасков да биде назначен за ВД Селектор на Кадетската репрезентација на Македонија. Кадетската репрезентација на Македонија (Генерација 1998 и помали) во периодот од 15 до 21 август 2016 година, ќе учествува на ЕХФ Шампионат во Варна, Бугарија.