Ј.П. „Охридски Комуналец“ ги започна активностите за уредување на просторот кој се наоѓа во непосредна близина на сообраќајната клучка на влезот во Охрид – левата страна од ул „Железничка“ во насока на магистралниот правец Охрид-Скопје. Овој простор зафаќа голема површина и во првата фаза со специјална механизација ќе се изврши рамнење на теренот и отстранување на неуредната вегетација, а во втората фаза ќе се изврши хортикултурно уредување на просторот со засадување на цветни садници и декоративни грмушки.
повеќе...Tag: улица
Низ Охрид се поставуваат информативни патокази
Екипи од одделението за сообраќај при Секторот за комунална дејност на Општина Охрид во текот на вчерашниот ден започнаа акција за поставување на информативни патокази на различни делови од територијата на општина Охрид. Со информативни патокази се означи кружниот тек на булеварот „АСНОМ“, со што се заокружи целосното бележење на оваа фреквентна раскрсница како и во делот на сообраќајните знаци така и во делот на информативните патокази. Информативни патокази доби и излезот од СРЦ „Билјанини Извори“ во правец кон село Велестово и охридските плажи. Вакви акции за поставување на патокази…
повеќе...Наскоро ќе се дислоцира и такси стојалиштето на улица „Гоце Делчев“
Согласно одлуката за дислоцирање на дел од такси стојалиштата, донесена од страна на Советот на општина Охрид, деновиве интензивно се работи на нејзино реализирање. Активностите течат според утврдената динамика, при што се почитуваат сите прописи за ставање во функција на стојалиштата. Од Одделението за сообраќај и улици информираат дека се направени сите подготовки и деновиве, согласно одлуката на Советот, ќе биде дислоцирано и такси стојалиштето кај маркетот ДОН на улицата „ Гоце Делчев“.
повеќе...