МОН: Објавен Ценовник за оштетени учебници за учебна 2015/16 година

Од Министерството за образование и наука информираат дека е објавен Ценовник за оштетени учебници за учебна 2015/16 година. „Ве молиме при давање насоки за уплата на средства за изгубен или оштетен учебник да внимавате на година на набавување на истиот. При евиндетирање на наплата на оштетените и изгубените учебници постапувајте согласно Законот за учебници за основно и средно образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 98/2008, 99/2009, 83/2010, 36/2011, 135/2011, 46/2012, 24/2013, 120/2013, 29/2014, 146/15, 217/15 и 30/16 ), и Правилник за начинот на прием, складирање, доделување и враќање на комплетите…

повеќе...

Јавен оглас за рецензенти на учебници

Врз основа на член 16 став 1 од Законот за учебници за основно и средно образование („Службен весник на Република Македонија” бр. бр.98/08, 99/09, 83/10, 36/11, 135/11, 46/12, 24/13, 120/13, 29/14,146/15, 217/15 и 30/16), директорот на Педагошката служба, распишува: ЈАВЕН ОГЛАС за рецензенти на учебници 1.Нарачател: Министерство за образование и наука-Педагошка служба, ул.„Св.Кирил и Методиј“ бр. 54-Скопје. 2. Се распишува Јавен оглас за рецензенти по предметите: Англиски јазик (прв странски јазик) за II година на средното четиригодишно образование (гимназиско образование, уметничко образование, средно стручно образование и спортска академија); Француски јазик…

повеќе...

Седум милиони евра за обнова на бесплатните учебници

И годинава продолжува проектот за бесплатни учебници, но сега, учебниците постари од пет години ќе се заменат со нови, освен оние по математика и природни науки за седмо, осмо и деветто одделение и за ова ќе бидат инвестирани вкупно седум милиони евра, информира денеска премиерот Никола Груевски. Проектот, нагласи, се спроведува веќе седма година и е значајно олеснување и голема помош за над 200.000 родители. „Оваа година ќе извршиме замена на старите со нови учебници. За таа цел ќе бидат испечатени нови учебници од прво до деветто одделение во основното…

повеќе...

Почна учебната 2014/2015, новина се учебниците по програма од Кембриџ

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми им посака успешна нова учебна година на околу 280.000 основци и средношколци и на 20.000 првачиња кои првпат седнуваат во училишните клупи, како и на наставниот кадар и на сите што се вклучени во образовниот процес. Заедно со заменик-министерот Спиро Ристовски тој го посети основното училиште „Мирче Ацев“ во општина Ѓорче Петров, а заедно ќе го пуштат во употреба и новиот објект на ОУ „Рајко Жинзифов“ во Драчево, изграден со средства од Владата на НР Кина. Адеми денеска го посети и реконструираното ОУ…

повеќе...