СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.И. (33) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “фалсикикување на пари“. Пријавената на 01.08. и на 02.08. годинава во Охрид, во пекара, во бутик и во градскиот трговски центар, пуштила во оптек три фалсификувани банкноти од 1000 денари со идентичен сериски број, со што се стекнала со противправна имотна корист од 3.000 денари.
повеќе...Tag: фалсификат
Откриени царински измами, запленети девизи, оружје, техничка стока, облека, храна, цигари и фалсификати
Минатата недела, царинските службеници открија три случаи на царинска измама и повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани девизи, орижје, техничка стока, храна и облека, цигари, фалсификати и друго. Царински измами Минатата недела откриени се три обиди за избегнување на плаќање на увозни давачки, од кои два обиди за погрешно декларирање на потеклото на стоката и еден обид за погрешно распоредување на стока во царинската тарифа. Во првиот случај, во царинската испостава Скопје 3, увозник од Скопје пријавил за увозно царинење разни електрични делови и опрема од испраќач…
повеќе...Запленети облека, обувки, алкохол и фалсификати
Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани крзнени и текстилни производи, обувки, технички производи, алкохолни пијалоци, средства за хигиена, автоделови, плинска печка, брави за автобуси, додатоци за мобилни телефони и фалсификати. Покрај тоа откриена е и една царинска измама. Задржана е следната стока: Облека и обувки – 23 елеци и 7 јакни од крзно откриени при контрола на романски автомобил, со кој за влез во државата на граничниот премин Богородица, се пријавиле двајца романски државјани. Елеците и јакните се пронајдени…
повеќе...20-годишна охриѓанка пазарела со фалсификувани пари
Поради постоење основи на сомнение за сторени четири казнени дела „фалсификување пари“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.М (20) од Охрид. Пријавената, во периодот од 28 април до 17 мај оваа година, со цел да се стекне со противправна имотна корист, на подрачјето на Охрид пуштила во промет четири лажни банкноти од по петстотини денари со исти сериски број. Иако знаела дека банкнотите се фалсификивани односно дека се лажни пари Е.М. две фалсификувани банкноти од по 500 денари пуштила во промет во продавница во населбата Пештани, а по една…
повеќе...Лице од Албанија на шопинг во Струга со фалш банкнота од 20 евра
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „фалсификување пари“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против В.Џ.(34) од Берат, Република Албанија. На 24-ти минатиот месец, пријавениот во продавница во Струга купил електро опрема и притоа платил со фалсификувана банкнота од 20 евра односно истата ја пуштил во платен промет. Настанот се случил околу 13 часот кога сега пријавениот со други 3 лица од Албанија пристигнал во Струга со намера да купат автомобил. Во продавница за електро опрема лоцирана во градскиот пазар, сега пријавениот купил електро опрема во…
повеќе...Охриѓанец заработи кривична пријава заради фалсификување пари
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Фалсификување пари“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.П. (24) од Охрид. На 22 ноември минатата година, пријавениот на негов пријател кој работел како ноќен чувар во кафе бар, му дал банкнота од 100 американски долари со цел да ја размени за денари. Настанот се случил во 04 часот кога пријавениот кој бил со уште три други лица, го забележал ноќниот чувар во кафе бар лоциран на улицата „Партизанска“ во Охрид. Со образложение дека имал долари што сакал да ги размени…
повеќе...