Светската награда за хуманизам врачена на годинешниот лауреат Јиржи Свобода

Во Куќата на Уранија, синоќа, на посебна свеченост, на чешкиот филмски великан Јиржи Свобода, му беше врачена Светската награда за хуманизам, што ја доделува Охридската академија на хуманизмот. Наградата, во присуство на амбасадорот на Република Чешка во Република Македонија Мирослав Рамеш, претседателот на Охридската академија на хуманизмот Јордан Плевнеш и голем број гости од збратимените градови, му ја врачи градоначалникот Никола Бакрачески. „Исклучителниот животен и творечки опус на годинашниот добитник на Светската награда за хуманизам, Јиржи Свобода, не собра вечерва овде во Куќата на Уранија и на МАНУ, да му…

повеќе...

Доделена Светската награда за хуманизам

Со свечена пригода во куќата Уранија на МАНУ, синоќа беше доделена Светската награда за хуманизам на дописниот член на Хрватската Академија на науките, светски познат екуменист, Дарко Гашпаровиќ. Наградата ја доделува Охридската академија за хуманизам, која на еден начин претставува продолжение на Светиклиментовата прва средновековна школа за хуманизам, а неа ја врачи градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. Ова е десетта година по ред како оваа престижна награда се доделува во Охрид, во очи на големиот Христијански празник „Богојавление – Водици“. „Вечерва е привилегија да се биде во Охрид, во предвечерието на…

повеќе...

Вечерва во Охрид ќе биде доделена Светската награда за хуманизам

Во рамки на празнувањата посветени на Богојавление – Водици, градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески вечерва во куќата на Уранија со почеток во 19 часот ќе ја врачи Светска награда за хуманизам на годинешниот добитник Дарко Гашпаровиќ. Гашпаровиќ е истакнат хрватски славист, дописен член на Хрватската Акдемија на науки и уметности, книжевен теоретичар и театролог, со меѓународно реноме и светски познат екуменист. По одлуката на седум членото интернационално жири, чиј Претседател е Ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Јордан Плевнеш, Г-динот Гашпаровиќ истакна дека, по доделувањето на оваа награда на светската…

повеќе...

Бакрачески: Иницијативата за прогласување на Охрид за светски град на хуманизмот- нов момент во афирмација и промоција на Охрид

Инцијативата за прогласување на Охрид за светски град на хуманизмот што би требало да се случи во текот на 2016 година, на одбележувањето на 1100 годишнината од смртта на Св.Климент Охридски, ќе претставува еден нов момент во афирмација и промоција на градот Охрид како еден центар на културата во Европа и во светот, рече градоначалникот Бакрачески. „Охрид од секогаш бил симбол на културата во Република Македонија и пошироко. Со отворањето на првата школа за хуманизам пред 1100 години од страна на Свeти .Климент Охридски и секако дека она што денес…

повеќе...

Охрид ќе биде прогласен за светски град на хуманизмот

По повод 1.100 годишнината од смртта на Св. Климент Охридски, вгодина Охрид ќе биде прогласен за Светски град на хуманизмот. Постапката е започната во консултации со познати интелектуалци и уверен сум дека ќе ја реализираме оваа идеја на Охридската академија на хуманизмот- најави синоќа претседателот на Академијата Јордан Плевнеш. Тој додаде дека во консултации со градоначалникот Никола Бакрачески, ќе се одбере локација, на која ќе биде поставен „ Ѕид на хуманизмот“ на кој ќе се пишуваат добитниците на Светската награда за хуманизам. Во Охрид, градот на УНЕСКО, што ги следи…

повеќе...

Врачена светската награда за хуманизам на Џон Ралстон Сол

Градоначалникот Никола Бакрачески, на свеченоста што се одржа синоќа, во Куќата на Уранија, куќата на МАНУ, во рамките на празнувањето на „ Богојавление- Водици“ на Џон Ралстон Сол, едно од водечките имиња на светската литература и есеистика и претседател на Интернационалниот ПЕН, му ја врачи Светската награда за хуманизам, што ја доделува Охридската академија за хуманизам, во духот на Светиклиментовата прва средновековна школа за хуманизам во Европа. „Најискрено Ви го честитам добивањето на Светската награда за хуманизам и Ви посакувам добро здравје,творечка енергија и добра мисла.Почестени сме од Вашето присуство…

повеќе...

Доделување на Светската награда за хуманизам на Џон Ралстон Сол

Вечерва, во Куќата на Уранија, куќата на МАНУ, со почеток во 19 часот, во рамките на празнувањето на „ Богојавление- Водици“ на Џон Ралстон Сол, едноод водечките имиња на светската литература и есеистика и претседател на Интернационалниот ПЕН, ќе му биде врачена Светската награда за хуманизам, што ја доделува Охридската академија за хуманизам, во духот на Светиклиментовата прва средновековна школа за хуманизам во Европа. Во Охрид, градот на УНЕСКО, што ги следи духовните визии на Св. Кирил и Методиј, заштитиниците на Европа и нивните ученици Св. Климент и Св. Наум,…

повеќе...