Претседателот Иванов со честитка до Барак Обама, по повод 4 јули – Денот на независноста

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод Националниот празник на Соединетите Американски Држави, 4 јули – Денот на независноста, упати честитка до Претседателот на Соединетите Американски Држави, Барак Обама. „Почитуван господине Претседателе, По повод 4 јули – Денот на независноста на Соединетите Американски Држави, ми претставува особена чест и големо задоволство, во мое лично име и во името на граѓаните на Република Македонија, да Ви упатам најискрени честитки и срдечни желби за просперитет на Вашата држава, како и за благосостојба на пријателскиот американски народ. Односите со Соединетите Американски…

повеќе...

Честитка од претседателот Иванов по повод рамазанските пости

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, по повод почетокот на рамазанските пости, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија, реис-ул-улема ефенди Сулејман Реџепи, до членовите на Ријасетот и до сите припадници на исламската вероисповед во Република Македонија. „Рамазан е месец посветен на молитвата и поклонението, великодушноста и помагањето, сочувството и милоста кон помалку среќните. Во овој период на празнување посакувам кај сите верници од исламската вероисповед да преовладува чувството на мир, љубов и меѓусебно разбирање. Уверен сум дека, негувајќи ги духовните и моралните вредности ќе продолжиме…

повеќе...

Честитка од премиерот Груевски до ИВЗ по повод почетокот на рамазанските пости

Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски по повод рамазанските пости упати честитика до претседателот на Исламската заедница во Република Македонија Реис Ул Улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи. „Почитуван Поглавар на Исламската заедница во Република Македонија Господин Реис Ул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи, Дозволете ми Вам лично, на членовите на Ријасетот и на сите верници од исламската вероисповед во Република Македонија, од моето лично име и од името на Владата на Република Македонија, да Ви го честитам започнувањето на Рамазанските пости. Светиот месец Рамазан и почетокот на рамазанските пости, и вашата…

повеќе...

Честитка од министерот за одбрана Јолевски по повод 24 Мај

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, упати честитка до припадниците на Армијата на Република Македонија и до сите граѓани на Република Македонија по повод 24 мај – Денот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј. „Денешниот ден го празнуваме во чест на светите браќа Кирил и Методиј, кои нам, на македонскиот народ и на многу други народи ни го дадоа најсветото – сопствената писменост. Делото на основачите на Глаголицата претставува паметник за напорите на народите на овие простори за живеење според базичните човекови права и слободи, меѓу кои…

повеќе...

Премиерот Груевски упати честитка по повод Денот на македонските и сесловенските просветители

Премиерот Груевски упати честитка по повод Денот на македонските и сесловенските просветители. Во честитката се вели: „Во мое лично име и во името на Владата на Република Македонија, сакам да Ви го честитам 24 Мај – Денот на македонските и сесловенските просветители и учители и да Ви посакам радосни и благословени празнични денови. Придобивките од епохалното дело на големите браќа Свети Кирил и Методиј Македонија и светот ги чувствуваат и денес а тие ќе продолжат да бидат подеднакво важни уште милениуми. Дарот на писменоста со кој тие го благословија нашиот…

повеќе...

Честитка од Комисијата за одбележување празници и манифестации при охридскиот Совет по повод 23-ти мај

Претседателот на Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија при Советот на Општина Охрид, Дејан Пановски во име на Комисијата по повод 23-ти мај, Националниот ден на Власите, упатува честитка до припадниците на влашката заедница во Охрид. „Влашката заедница во Охрид отсекогаш била посветена и лојална на својот град .Секогаш сплотена во заедништво со останатите заедници придонесувала за развојотна Охрид и за негова промоција како културно историска вредност низ светот,воедно внесувајќи се во економската изградба на Градот и неговата иднина.Охрид, чувствувајќи ја таа посветеност и присутност ги нарекол деловите од својата целовитост како…

повеќе...

Претседателот Иванов со честитка по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, упати честитка до припадниците на Влашката заедница во Република Македонија, по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите. „Годинава одбележуваме значаен јубилеј – 110 години од признавањето на вистината дека Власите се посебен народ, со свој сопствен јазик, автентична култура и долга традиција. Како нераздeлив и неотуѓив дел од Македонија, Власите ја делеа и судбината, но и желбата и напорите за слобода и независност на заедничката татковина. Затоа, во духот на македонскиот модел на соживот и почитување на различноста, Република Македонија постојано…

повеќе...