Светска промоција на Охрид во Чешка

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, заедно со тим од Секторот за туризам и локален економски развој, денеска во Прага пред сите позначајни туроператори од Чешката Република, како и пред тамошните медиуми и новинари од најзначајните специјализирани списанија и магазини за туризам,одржа презентација на туристичката понуда на Охрид. Покрај туристичката понуда беше презентирана и традиционалната храна од охридското поднебје. Според организацијата и големината денешниот настан кој се однесува на промоција на Охрид како туристичка дестинација е еден од најзначајните од ваков тип до сега и истиот Општината сама го организира и…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески во Прага ќе ги презентира убавините на Охрид

Градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески, заедно со тим од секторот за ТЛЕР во понеделник во Прага ќе одржи презентација на туристичката понуда на Охрид пред сите позначајни туроператори од Чешката Република, како и пред новинари од најзначајните специјализирани списанија и магазини за туризам и останати медиуми. Ова е продолжение на промоцијата на Охрид како туристичка дестинација, после презентациајта на градот во Стразбур во Советот на Европа и според организацијата и големината на настанот, претставува најзначен настан што било кога во историјата Општина Охрид сама го организирала и реализирала. На…

повеќе...

Чешка и Македонија ги отвораат вратите за бизнис соработка на компаниите од двете земји

Премиерите на Македонија и Чешка, Никола Груевски и Бохуслав Соботка, преку бизнис форум во Прага, испратија порака дека вратите за македонско-чешка економска соработка се ширум отворени. Груевски и Соботка, се согласни дека има голем потенцијал за економска соработка во двете насоки. Сметаат дека недвосмислената политичка поддршка за Македонија од Прага, треба да се предочи и во економијата. Двајцата премиери го отворија Бизнис форумот за трговски и инвестициски можности на чешките компании во Македонија, на кој присуствуваа претставници на повеќе од 50 компании. „Чешка и Македонија имаат особено пријателски односи кои…

повеќе...

Премиерот Груевски се сретна со чешкиот претседател Земан

Премиерот Никола Груевски, во рамки на официјалната посета во Прага, денеска имаше средба со претседателот на Чешка, Милош Земан. На средбата, Груевски и Земан, ги потврдија одличните политички односи кои постојат помеѓу двете земји, на билатерално и на мултилатерално ниво и кои бележат континуиран позитивен тренд, кој, според нив, се гледа и од средбите што се одржуваат на највисоко ниво помеѓу претставици на двете земји. Премиерот Груевски ги истакна реформите што ги презема Владата на Република Македонија за унапредување на стандардите во сите општествени сфери, исполнување на европските стандарди и…

повеќе...