Чартер летови од Варшава до Охрид

Градоначалникот Никола Бакрачески, на денешната средба со сопственичката на полскиот тур-оператор „ Рего Бис“ , Габриела Манка-Сокули, беше информиран дека во месеците јули и август, оваа компанија воведува чартер линија од Варшава до Охрид и обратно. Доколку, првата година биде успешна полскиот тур-оператор најави зголемување на чартер летовите и бројот на туристите. „Општина Охрид, го поздравува деловниот потфат на „ Рего Бис“ и стои на располагање за помош околу промоцијата на Охрид на полскиот туристички пазар. На саемот што ќе се одржи во Варшава од 22 до 24 ноември 2016…

повеќе...

Нов рекорд на превезени патници на македонските аеродроми

Рекордни 808 888 патници се превезени на двата македонски аеродроми во првите 6 месеци од годинава што претставува зголемување за истиот период лани од околу 27%, кога беа превезени во првите шест месеци 637 683 патници. На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, во периодот од јануари – јуни 2016 година регистрирани се вкупно 759 244 патници што во споредба со истиот период од минатата година кога биле превезени 610 511 патници, се забележува зголемување од над 24 %, додека пак на аеродромот „Св.Апостол Павле“ во Охрид во првите шест месеци…

повеќе...

„ТАВ“ освои престижна награда во САД за бесцаринските продавници на аеродромите

Партнерската компанија на „ТАВ аеродроми“, ATU Duty Free, која што оперира со бесцаринските продавници на аеродромите во Скопје и во Охрид, ја освои престижната светска награда „Брендон Хол“ (Brandon Hall Group Excellence), која што веќе 22 години се доделува за најуспешни корпоративни иницијативи и проекти. Годинава ATU Duty Free го доби признание за проектот „Искуството на потрошувачите на ATU“: ATU Style, со што ја продолжи својата 15-годишна успешна приказна. Наградите „Брендон Хол“ се светски признаени како „Оскари“ во индустријата за иницијативи за човечките ресурси, поради што многу меѓународни компании секоја…

повеќе...

Агенцијата за цивилно воздухопловство доби софтвер за брзо, ефикасно и безбедно прибирање и обработка на податоци

Зголемена ефикасност во работењето, брзо, безбедно и лесно прилагодливо управување со податоци, во функција на поголема продуктивност, флексибилност и сигурност во работата на Агенцијата за цивилно воздухопловство, се само дел од придобивките на новиот систем за унапредување на контролата и инспекцискиот надзор на вработените во АЦВ, кој е во фаза на подготовка и наскоро треба да биде имплементиран во соработка со ДУНА компјутери. Системот ULTIMA® CRM, преставува унифициран и интероперабилен систем, прилагоден на потребите на АЦВ, во функција на прибирање и користење на хетерогените податоци на инспекторите од терен и…

повеќе...

Државата ќе субвенционира летови кон Шпанија и Норвешка

Министерството за транспорт и врски подготвува документација за нов повик за избор на нискобуџетна авиокомпанија којашто со субвенции би воспоставила четири нови дестинации од Скопскиот аеродром, кон Шпанија и Норвешка, како и директна линија од Охридскиот аеродром до европска метропола. Во првата половина на следната година, според плановите на ресорното Министерство, се очекува да се распише повик и за избор на национален авиопревозник. „Ќе бараме четири нови дестинации од Скопје, кон Шпанија и Норвешка, и една дестинација од Охрид. Ќе одиме повторно со субвенции, со колкав износ ќе бидат ќе…

повеќе...