Средба Груевски-Рифај, тема туристичките потенцијали на Македонија и поддршка од СТО

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски во рамките на својот престој во Мадрид, Кралство Шпанија, оствари средба со Генералниот секретар на Светската туристичка организација на Обединети Нации, Талеб Рифај. На средбата соговорниците разговараа за продлабочување на соработката меѓу Република Македонија и Светската туристичка организација, начините и механизмите за промоција на потенцијалите на државата во делот на туризмот, како и инвестициските активности во поглед на збогатена туристичка понуда. Премиерот Груевски истакна дека македонската Влада спроведува поголем број на мерки, активности и политики кои резултираат со значителен напредок во туризмот…

повеќе...

Премиерот Груевски во политичко-економска посета на Шпанија

Премиерот Никола Груевски од денеска ќе престојува во дводневна политичко-економска посета на Шпанија. Во Мадрид, премиерот Груевски ќе учествува на Конгресот на Европската народна партија којшто е поделен во два дела. На првиот учесниците ќе разговараат за актуелните предизвици на европскиот континент, економијата и потенцијалите за раст, одржливиот регионален развој и отворањето нови работни места, развојот на информатичкото општество и технологиите, а ќе се дебатира и за предизвикот со илегалните мигранти и за развојот на Eвропската унија и европските политики на интеграција. Предвиден е и дел каде што ќе се…

повеќе...

Заменик претседателката на СДСМ Шекеринска се сретна со амбасадорот на Шпанија Рамон Абароа Каранза

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска денеска оствари средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Рамон Абароа Каранза, на којашто се разговараше за актуелната политичка ситуација и за назадувањето на земјата во европските интеграции. Преку воспоставување целосна контрола врз медиумите, затворање и казнување на критичките медиуми и тоталната контрола врз институциите на системот, оваа власт покажа дека унапредувањето на демократските процеси во земјата и европските интеграции не се нејзин приоритет, посочи заменик претседателката Шекеринска. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, како најголема опозициска партија има обврска кон граѓаните на Р.Македонија да ја врати…

повеќе...

Државата ќе субвенционира летови кон Шпанија и Норвешка

Министерството за транспорт и врски подготвува документација за нов повик за избор на нискобуџетна авиокомпанија којашто со субвенции би воспоставила четири нови дестинации од Скопскиот аеродром, кон Шпанија и Норвешка, како и директна линија од Охридскиот аеродром до европска метропола. Во првата половина на следната година, според плановите на ресорното Министерство, се очекува да се распише повик и за избор на национален авиопревозник. „Ќе бараме четири нови дестинации од Скопје, кон Шпанија и Норвешка, и една дестинација од Охрид. Ќе одиме повторно со субвенции, со колкав износ ќе бидат ќе…

повеќе...