Почнувајќи од вчера, Агенцијата за храна и ветеринарство со поддршка на Европската унија ја спроведува седмата орална вакцинација на лиссиците со авионска дистрибуција на вакциналните мамки на територијата на цела држава. Вакциналните мамки се со кафена боја, со големина од 3 сантиметри, личат на чоколадни коцки направени од смеса со рибино брашно, имаат мирис на риба кој ги привлекува лисиците, а делува одбивно на луѓето. Во мамките е сместена пластична капсула во која се наоѓа вакцината во течна состојба која содржи ослабен вирус на беснило. Во мамките се наоѓа и…
повеќе...Tag: агенција
Прием на мотоциклистот Христијан Илиоски во Агенцијата за млади и спорт
Денес директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески го прими нашиот најдобар мотоциклист младиот битолчанец Христијан Илиоски Кико. Повод за приемот на нашиот најдобар мотоциклист беше последната победа на Источно Европскиот шампионат во Прилеп, каде ги демонстрираше своите врвни вештини пред домашната публика. Директорот Спасески му го честиташе големиот успех на Илиовски и истакна дека Македонија е горда што има спортист од ваков калибар. “Македонија е горда на Христијан и ние како Агенција за млади и спорт ќе продолжиме со поддршка во делот на развојот на мото-крос спортот…
повеќе...Продолжува континуираното усовршување на наставниците и професорите по физичко образование
Агенцијата за млади и спорт (АМС) во соработка со Бирото за развој на образованите спроведува програма за унапредување и подобрување на квалитетот на часовите по физичко. Целта е професорите и наставниците да ги освежат и да стекнат нови неопходни теоретски знаења и практични вештини за промовирање на физичката активност, здравиот начин на живот, преку наставата по физичко и здравствено образование и на најдобар можен начин да придонесат кон психофизички здрава нација. „Наша темелна определба е развој на училишниот спорт, со што ја нагласуваме грижата кон младите генерации и настојуваме тоа…
повеќе...АХВ: Нехигиената причина за труењата
Агенцијата за храна и ветеринарство ги доби резултатите од извршените лабораториски испитувања на земените мостри од храна и бриса од работни површини од сендвичарницата во скопската населба Драчево каде пред неколку дена се случи труење со храна. Со испитувањата на петте мостри храна, утврдено е присуство на колиформни бактерии во три мостри и присуство на бактеријата стептококус фекалис во една мостра. Во еден од земените 7 бриса од работните површини, утврдено е присуство на ентеробактер, на колиформни бактерии и на мувли. Сето ова укажува на нехигиена во објектот и несоодветна…
повеќе...Агенцијата за вработување со најголем напредок во рангирањето „Таен клиент“
Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ) е второрангирана во анкетата „Таен клиент“ од 11 институции и го има најголемиот пораст во рангирањето во споредба со минатата година, кога била на шестото место од вкупно девет институции. Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски беше во посета на оваа институција и притоа истакна дека подобрите оценки за оваа институција се должат на исполнувањето на Акцискиот план, што АВРМ го имаше како задолжение од Владата по минатогодишната анкета. „Најголем дел од тој план е реализиран и соодветно на таа реализација,…
повеќе...Досегашните резултати од лабораториските анализи негативни на листерија
По минатонеделното известување од Министерството за здравство, дека е детектирано присуство на Listeria monocytogenes во производ сечкан свински врат земен од малопродажен објект во Гевгелија, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство преземаа опсежни контроли во месната индустрија „Екстра меин“ од Куманово. Во рамки на контролите земени се вкупно 24 мостри од производи и адитиви кои се користат во производството, вклучително и од лотовите каде беше детектирано присуство на оваа бактерија, 10 брисеви од работни површини, машини како што се сецкалки, стерилизатори, комори и од други места каде евентуално…
повеќе...Се чека копмлетирање на резултатите од анализите
Во врска со минатонеделните активности поврзани со контролите во месната индустрија „Екстра меин“ од Куманово, како резултат на известувањето од Министерството за здравство за детектирано присуство на Listeria monocytogenes во производ сечкан свински врат земено од малопродажен објект во Гевгелија, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство врз основа на законските надлежности зедоа мостри за лабораториско испитување од спорните лотови од производот сечкан свински врат, од работните површини, машините и од сите други места во погонот на оваа компанија, за утврдување на евентуално присуство на листерија. До Агенцијата за…
повеќе...Објавена информативно-едукативна брошура за болеста Син јазик
Агенцијата за храна и ветеринарство подготви информативно-едукативна брошура за болеста Син јазик. Во брошурата се презентирани основите за тоа за каква болест станува збор, каде е распространета, како се пренесува, има ли и кој е ризикот по здравјето на луѓето, кои се клиничките знаци на болста, како и препораки за тоа што треба да се преземе за превенција и нејзина контрола. Брошурата можете да ја погледнете →тука←
повеќе...Донесено решение за преземање на мерки во случак на сомнеж и појава на болеста син јазик во РМ
Врз основа на епидемиолошката состојба и потврда на случај на присуство на болеста Син јазик во општина Берово во атарот на селото Русиново во одгледувалиште на овци, 6 животни се позитивни на антитела, а во два од примероците со метода на PCR е утврден причинителот на болеста. Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство издаде Решение за преземање на мерки во случај на сомнеж и појава на болест Син јазик на територијата на Република Македонија. Во соседните општини на општината Берово се земаат мостри од одгледувалишта, односно од сомнителните или…
повеќе...Препорака: Да не се конзумира производот сецкан свински врат од лотовите 07632 и 07633, со рок на употреба од 21.07.2014 до 04.09.2014 година
Во врска со добиеното известување од Министерството за здравство за детектирано присуство на Listeria monocytogenes во производ сецкан свински врат на месната индустрија „Екстра меин“ од Куманово, Агенцијата за храна и ветеринарство веднаш ги презеде соодветните законски мерки, при што во текот на вчерашниот ден, од пазарот се повлечени производите од спорната серија, запрено е производството во оваа месна индустрија, земени се мостри од суровините, од работните површини, машините и од сите оние делови каде што евентуално може да се најде Listeria monocytogenes, за да се изврши споредување со изолатите…
повеќе...