Од 1 април следната година лиценци за меѓуопштински и меѓународен линиски превоз ќе можат да добијат само превозници кои поседуваат возила со најмалку Еуро 2 еколошки стандард, предвидуваат измените на Законот за превоз во патниот сообраќај што ги усвои на последната седница Владата. Усвоени се и законски измени со кои ќе се овозможи увоз на автобуси и минибуси со Еуро 3 стандард. „Автобусите со кои се превезуваат патниците ќе мораат да бидат со минимум Еуро 2 стандард, односно од април следната година нема да се издаваат лиценци за автобуси и…
повеќе...Tag: автобус
Двокатниот панорамски автобус повторно ставен во функција
По тридневен прекин, од денес панорамскиот автобус со кој стопанисува ЈП „Билјанини Извори“, повторно е ставен во функција. Дефектот кој се јавил во електрониката, беше отстранет од официјалниот сервисер од Скопје и автобусот ќе може да се користи за туристички разгледи на Охрид и крајбрежјето.
повеќе...Двокатниот автобус – идеална можност за панорамско разгледување на Охрид
Двокатниот автобус сопственост на Јавното претпријатие „Билјанини извори“, летово станува атрактивно превозно средство за охриѓани и туристите. Холандските гости кои кај нас доаѓаат преку туристичката агенција „Охрид холидеј“ која со ЈП „Билјанини Извори“ има потпишано договор за соработка, се воодушевени од панорамскиот разглед на Охрид и крајбрежјето со ова превозно средство. „Договорот со „Охрид- холидеј“ е само најава за склучување на договори за соработка со уште неколку туристички агенции со кои сме во преговори“ , велат од ова јавно претпријатие. Покрај на туристичките агенции, ова лето двокатниот автобус ќе…
повеќе...Започна со работа двокатниот панорамски автобус
Со денешното промотивно возење на децата од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, објект Централна, официјално за летната сезона 2014, започна со работа двокатниот автобус. Панорамскиот автобус со кој стопанисува ЈП „Билјанини извори“ ќе биде на располагање за сите заинтересирани групи кои ќе имаат интерес од една перспектива да ги видат убавините на Охрид и Охридското Езеро. „Ги упатуваме сите потенцијлани корисници да се обратат во директивата на ЈП „Билјанини Извори“ (046/231-535) за да добијат повеќе информации околу користењето на автобусот, се со цел да им излезме во пресрет на сите заинтереисрани.“– велат…
повеќе...