Македонија бележи конкретен развој во зајакнување на стандардот на пензионерите. Од 2006 година до денес, ја зголемивме просечната пензија за цели 70 проценти, а најниската за рекордни 84 отсто. Во 2006 година просечната пензија изнесуваше 7.683 денари, а во октомври 2015 истата ќе изнесува 13.073 денари. Ова денеска пред пензионерите го истакна министерот за труд и социјална политика Диме Спасов на отворањето на 20-тите јубилејни Републички пензионерски спортски натпревари кои се потпокровителство на Владата на Република Македонија. „За разлика од другите држави во Република Македонија пензиите се исплатуваат редовно и…
повеќе...Tag: бања
Груевски: 5.500 пензионери следната година на бесплатна бања, а 3.000 на викенд
Следната година дополнителни 5.500 пензионери ќе заминат на бесплатна бања, а 3.000 на бесплатен викенд со проектите на Владата која ги покрива трошоците за таа намена, најави денеска премиерот Никола Груевски. Со владиниот проект за бесплатна бања, кој почна во 2010 година, како што информира Груевски, досега ваква услуга добиле 32.000 пензионери. „Колку што можам да видам од средбите со нив, но и од прашалниците што ги пополнуваат тие се презадоволни. Оваа година дополнителни 2.400 лица ќе заминат бесплатно во бања, а проектот ќе продолжи веќе следната година со нови…
повеќе...Над 15.000 пензионери досега се пријавиле за бесплатен викенд и бања
Рокот за пријавување за бесплатен туристички викенд и климатско-бањска рекреација истекува в понеделник. Интересот за користењето на овие услоги е голем. Досега имаат аплицирано 15.260 пензионери, информира денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, одговарајќи на новинарско прашање по промоцијата на аудио-книги за слепи лица. Ова, рече Спасов, е навистина сериозна бројка и голем интерес за искористување на поволностите од овие два проекти коишто ќе започнат со реализација во март-април оваа година. „Уште еднаш би сакал да ги повикам сите корисници на пензија да ја искористат оваа можност…
повеќе...HACCP презентиран и пред претставниците на казината и бањските лекувалишта
Во соработка со претставници од детските градинки, угостителите, хотелиерите, казината и бањските лекувалишта, неделава, во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство, се одржаа деветнаесеттата и дваесеттата работилница за интензивирање на имплементацијата на HACCP во угостителските објекти. Со последните две работилници, на кои присуствуваа над 300 лица, со основите на HACCP системот за безбедност на храната, важноста од негово имплементирање и одржување, се запознаа операторите од Гевгелија, Дојран и Богданци. Работилниците кои се одржаа неделава во овие населени места, се дел од Акцискиот план на Агенцијата за храна и ветеринарство…
повеќе...