Утре ќе се одржи мировен марш по повод Меѓународниот ден на мирот

Утре (петок), локалната самоуправа и општинската организација на сојзуот на борци ќе го одбележат 21-ви Септември „Меѓународниот ден на мирот”. Учесниците во Мировниот марш во 11 часот ќе тргнат од пред старата дирекција на „Гранит” , а централно место на прославата ќе биде на плоштадот „ Св.Климент Охридски“ каде ќе се положи свежо цвеќе на бистите на паднатите борци и илинденци во Градскиот парк, ќе се прочита пораката на Генералниот секретар на ООН Бан Ки-Мун, а ќе се обратат заменик градоначалникот Анѓел Јанев и потпретседателот на Сојузот на борци од…

повеќе...

Одбележани 70 години од формирањето на охридско-струшката бригада во с.Велмеј

По повод 70 години од формирањето на охридско-струшката бригада во село Велмеј, вчера делегација на Општинскипт Сојуз на борци од НОАВМ 1941-1945 и на граѓани продолжувачи во општините Охрид и Дебарца како и делегација на Основната организација од село Велмеј положија свежо цвеќе пред споменикот. Пред присутните се обрати борецот Крсте Крстаноски за значењето на оваа бригада која покасно станала дел од баталјонот „Мирче Ацев“.

повеќе...

Сојузот на борци утре ќе одржи трибина по повод 70 години од Февруарскиот поход

Општинската организација на СБ од Народноослободителната и антифашистичката војна на Македонија 1941-1945 и на граѓани продолжувачи во општините Охрид и Дебарца,  утре ќе одржи свечена трибина по повод 70 годишнината од февруарскиот поход, еден од многу значајните настани од НОАВМ и 70 години од смртта на народниот херој  Кузман Јосифоски Питу. На трибината за значењето на февруарскиот поход ќе зборува историчарот Наце Иваноски. За ликот и делото на Кузман Јосифоски Питу ќе зборува Гоце Георгиески, претседател на ОО на СБ за Охрид и Дебарца.

повеќе...