Потпишан нов колективен договор на Царинската управа

Директорот на Царинската управа и претседателот на Самостојниот синдикат Царинска управа, денес потпишаа нов Колективен договор на Царинската управа. Со Колективниот договор целосно се уредуваат правата, обврските и одговорностите од работен однос на работниците и работодавачот, обемот и начинот на остварување на правата и други прашања од интерес на работниците и работодавачот. Потребата од нов Колективен договор произлезе од измените на Законот за Царинската управа и негово усогласување со Законот за административни службеници и Законот за вработени во јавниот сектор, како и донесувањето на нов Правилник за организација на работата…

повеќе...

Запленети акцизни производи, бунди, девизи, фалсификати и друго

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани цигари, алкохолни пијалоци, бунди, маслиново масло, девизи, техничка стока, мотор од комбе, средства за чистење, амбалажа за LEPTEN производии фалсификати. Задржана е следната стока: Акцизна стока – 72 штеки цигари марка Marlboro gold и Camel без акцизни маркички, откриени при контрола на македонски автомобил пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Цигарите се пронајдени во багажниот простор, во неколку кеси од фри-шоп, сопственост на македонски државјанин патник во возилото. Непријавените цигари…

повеќе...

Спречен шверц на 3500 аквариумски риби и 600 желки

Царинските службеници на 7 ноември спречија два обиди за шверц на аквариумски риби, желки и храна за истите. Во првиот случај, мобилните царински тимови во возило со македонски регистарски ознаки пронајдоа и привремено задржаа3300 парчиња аквариумски риби, 600 парчиња желки, 200 парчиња растенија за аквариум и 10 килограми храна за желки. При контрола на патничко моторно возило Мерцедес со скопски регистарски ознаки, кое претходно влегло во државата од Бугарија преку граничниот премин Ново Село, извршена околу 18:00 на влез во Скопје, во багажниот простор, зад возачкото и пред совозачкото седиште…

повеќе...

Запленети девизи, акцизни производи, лекови, фалсификати и друго

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани девизи, цигари, тутун, домашна ракија, лекови, религиозни предмети, облека, ташни, паричници, ремени и фалсификати. Задржана е следната стока: Девизи – 12.900 евра откриени во два одвоени случаи, при контрола на два бугарски автомобили пријавени за влез во државата на граничниот премин Деве Баир. Во првиот случај, во рачна ташна на патник во возилото, бугарски државјанин, се пронајдени 13.500 евра. Непријавените девизи се привремено задржани, а против прекршителот е поведена соодветна постапка. Во вториот…

повеќе...

Поднесени кривични пријави од Царинската управа во октомври 2015

Постапувајќи по констатирани неправилности, Царинската управа на Република Македонија во месец октомври 2015 година до надлежните јавни обвинителства поднесевкупно 10 кривични пријави,против 11 физички и 5 правни лица. Кривичните пријави се поднесени поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „Криумчарење“, „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, „Фалсификување исправа“ и „Повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“. Криумчарење Четири кривични пријави, дведо Основното јавно обвинителство Гевгелија и по една до Основните јавни обвинителства во Куманово и Скопје,…

повеќе...

Во последните три месеци спречени обиди за шверц на над 2750 пакувања лекови

Царинските службеници на граничниот премин Деве Баир, синоќа (04.11.2015 г.) по полноќ спречија обид за шверц на 10 илјади парчиња таблети АМИНАЛОН (200 кутии по 50 таблети). Лековите се пронајдени во торбите и куферите на македонски државјанин, патник во автобус кој сообраќа на редовна линија Софија-Скопје, пријавен за влез во државата. Ова е седми спречен обид за криумчарење и нелегално внесување на лекови и медицински препарати во Република Македонија, откриен од Царинската управа во последните три месеци, при што се одземени околу 2750 пакувања лекови и медицински препарати. Во сите…

повеќе...

Нов извештај Doing Business 2016 на Светска банка

Царинска управа на Република Македонија во континуитет спроведува бројни реформи и проекти за подобрување на деловната клима. Светска Банка, преку извештајот Doing Business, прави компаративна анализа и рангирање на условите за водење бизнис во 189 земји во светот. Рангирањето на листата на Doing Business се врши според повеќе критериуми кои се однесуваат сите сегменти на водењето на бизнис, помеѓу кои и Услови за прекугранично тргување (TradingAcrossBorders). Во периодот 2007 – 2016 година, Република Македонија остварува континуиран прогрес во рангирањето кај индикаторот Услови за прекугранично тргување (Trading Across Borders). Според Извештајот…

повеќе...

Запленети златен и сребрен накит, девизи, акцизна стока, семки од марихуана и друго

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани златен сребрен накит, девизи, домашна ракија, цигари, свежо овошје, облека, бижутерија, мобилни телефони, мрежни контролери, алкални батерии, делови за огради, лак, делови за возила, витамински препарати и фалсификати. Покрај тоа спречени се еден обид за криумчарење семки од марихуана и еден обид за нелегален влез на патник во државата, и откриена е една царинска измама. Задржана е следната стока: Девизи и злато – 310 грама стар златен накит и 175 грама стар сребрен…

повеќе...

Мултилатерален состанок помеѓу царините на Унгарија, Кина, Србија и Македонија

На 20-ти и 21-ри октомври во Скопје се одржа Мултилатерален состанок на тема „Анализа на ризик во транзитна постапка” помеѓу Царинските служби на Унгарија, Народна Република Кина, Република Србија и Република Македонија. Состанокот, организиран од Царинската управа на Република Македонија, а на кој присуствуваа претставници на царинските служби од споменатите држави, е продолжение на активностите од Рамковниот договор за соработка во олеснувањето на царинењето помеѓу Царинските служби на Кина, Унгарија, Србија и Македонија, склучен во декември 2014 година во Белград. На состанокот беше усвоен Акционен план со конкретни активности за…

повеќе...

Откриени обиди за избегнување на царински давачки од околу милион денари

Во септември 2015 година, царинските службеници од Царинарница Штип открија два обиди за избегнување на царински давачки во износ од околу милион денари (989.935 денари). Во првиот случај, фирма увозник од Кочани за увозно царинење пријави машина за лемење во вредност од 95 илјади евра со преференцијално потекло од Франција, царинска стапка 0% и увозни давачки во износ од 1 милион денари. Заради основано сомневање во верoдостојноста на приложениот доказ за преференцијално потекло на стоката, Царинската управа се обрати до Царинската служба на Франција со барање за дополнителна проверка на…

повеќе...