Градоначалникот Бакрачески со честитка по повод 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид

По повод одбележувањето на 7 Ноември- Денот на ослободувањето на Охрид од фашистичкиот окупатор, градоначалникот Никола Бакрачески до граѓаните упати честитка, во која порачува дека чествувањето на ваквите големи празници, треба да ги мотивираат сите да даваат уште поголем придонес во развојот на градот и пошироката општествена заедница. „Нека ни е чесит 7 Ноември- Денот на ослободувањето на Охрид од фашистичкиот окупатор и неговите сојузници и нека бидат вечни спомените на хероите кои во Народно-ослободителната и антифашистичка војна се бореа, а дел од нив ги подарија животите за слободата .На…

повеќе...

„Титоисти“ со честитка по повод 7-ми Ноември

Здружението „Титоисти“ испрати честитка по повод 7-ми Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид, во која се вели: „Во својата вековна историја, Охрид запишал многу значајни датуми за своето постоење. Но, ниту еден датум ја нема симболиката на ослободувањето, на зачекорувањето во мирот и просперитетот, на удирањето на темелите на еден современ град, како што е денешниот датум, 7-ми Ноември. На овој ден, се враќаме седум децении наназад, во светлината на ноемврискиот ден, кој на Охриѓани им ја донесе толку посакуваната слобода, како најсилен и најзначаен симбол на секој слободољубив…

повеќе...

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод Денот на македонската револуционерна борба

ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани им го честита денешниот празник 23-ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. „На денешен ден беше запалена искрата која го разгори огнот за национално ослободување на Mакедонија. Идејата за организирана револуционерна борба беше водилка на илјадници македонски дејци, револуционери и херои. Нивната саможртва го одржа жив до ден денешен нивниот аманет и заклетва за слободна и независна Македонија која секој од нас треба да ја гради и сесрдно да придонесува во нејзиниот напредок. Да ни е честит и вековит празникот! Нека е вековита идејата на организацијата!…

повеќе...

Честитка од претседателот Иванов по повод 23 Oктомври – Ден на македонската револуционерна борба

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, упати честитка по повод одбележувањето на државниот празник 23 Oктомври – Денот на македонската револуционерна борба. „Почитувани сограѓани, Одбележувањето на 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба е празнување на идејата за самостојна и независна Република Македонија. Овој ден претставува завет на македонските револуционери, предвесник на Македонската Револуционерна Организација, симбол на непокор, патриотизам и правда.Овој ден е паметник за шестемина македонски патриоти кои се здружија со визијата за слободна Македонија, со што ја втемелија и ја осведочија желбата за независна држава која ќе…

повеќе...

ВМРО-НП со честитка по повод Денот на Македонската револуционерна борба

ВМРО – Народна партија упатува честитки до сите граѓани по повод Денот на Македонската револуционерна борба. „Она што предците се избориле за ние да го живееме денес, не смее да биде заборавено и запоставено. Нивната борба за слобода и нивниот придонес за нашата татковина треба да бидат патоказ и пример за борбеност на еден народ. Придонесот на оние кои ни овозможија да ја живееме сегашноста никогаш нема да биде заборавен. Иако со многу тешкотии, и денес мораме да го продолжиме патот кој тие го започнале. Борбата за слобода продолжува!“ –…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески со честитка по повод 23-ти Октмоври

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, по повод одбележувањето на државниот празник 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, упати честитка до охриѓани, до граѓаните на Република Македонија и до сите Македонци ширум Светот. „Чествувајќи го 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба се потсетуваме на првата семакедонска организација и нејзината најголема цел да го обедини македонскиот народ и да ја исполни исконската желба за слободна Македонија. Македонската револуционерна организација е темелот на македонското револуционерно движење за ослободување и државност на Македонија и е вистински култ на македонскиот непокор.…

повеќе...

Честитка од премиерот Груевски по повод 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба

Премиерот на Реублика Македонија, Никола Груевски упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба. Во честитката се вели: „Почитувани сограѓани, Почитувани членови на македонската дијаспора ширум светот, Ми претставува големо задоволство од името на Владата на Република Македонија и од свое лично име, да ви го честитам големиот државен празник, 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба. Овој ден ја симболизира истрајноста и пожртвуваноста на македонскиот народ, но и одлучноста и нескршливата волја за слобода и независност која ќе се преточи низ многу вековна борба…

повеќе...

Претседателот на СДСМ, Заев со честитка по повод 11-ти Октомври

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во име на Социјалдемократскиот сојуз и во свое име, на сите граѓани на Република Македонија го честита 11 Октомври, Денот на народното востание: „Почитувани граѓани, Овој голем државен празник, 11 Октомври, е темелник на вековни определби на граѓаните во Македонија за слобода, мир, за свој идентитет, своја држава, достоен пример дека со заедништво, целите се остварливи. Пред 74 години, на денешниот датум, знајни и незнајни борци, со визија за слободна, независна и просперитетна Македонија, во Прилеп и Куманово, ја почнаа Народно-ослободителната борба. По 74 години,…

повеќе...

Честитка од СВР Охрид по повод 11-ти Октомври

По повод 11-ти Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ, од СВР Охрид до сите граѓани упатуваат искрени честитки за среќен и долговечен празник. „Почитувајки ги слободарските традиции на македонскиот народ и оддавајќи почит на македонските поборници за слобода и мир, како демократска институција, доследно продолжуваме кон законско, етичкото и професионално решавање на безбедносни предизвици. Неуморно ја продолжуваме нашата мисија за заштитата и унапредување на човековите права и слободи, бескомпромисно се бориме со сите видови и форми на криминалитет. Применуваме современи стандарди за проактивен и транспарентен концепт за соработка со…

повеќе...

Честитка од премиерот Груевски по повод 11-ти Октомври

Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски упати честитка по повод одбележувањето на државниот празник 11 Oктомври – Денот на народното востание. „Почитувани граѓани на Република Македонија, Почитувани жители на македонската дијаспора, Празнувањето на 11 Октомври, денот на народното востание и оваа година нe навраќа на големата борба со која пред 74 години беше навестен крајот на фашистичкиот период и конечно ослободување на Македонија. Памтењето и празнувањето на ваквите денови служи како потсетник на моментите од историјата во кои кога е најтешко, но и најпотребно, нашиот народ демонстрира неизмерна храброст и…

повеќе...