Делегација од Општина Охрид положи свежо цвеќе пред бистите и пред гробот на Прличев

Со полагање цвеќе и поставување ловоров венец пред бистата на Григор Прличев во дворот на истоименото основно училиште и со пригодна беседа во дворниот простор на НУ Библиотека „Григор Прличев“ денес продолжија Прличевите Беседи кои започнаа вчера. Во рамки на чествувањата посветени на Григор Прличев, денеска градоначалникот  Никола Бакрачески, положи цвеќе на гробот на лавроносецот по што во неговата спомен куќа ја проследи пригодната програма „Уметниците за Прличев“ одржана во негова чест, по што внуката на Григор Прличев Олга Прличева на охридскиот Звод и музеј им подари икона од Св.…

повеќе...

Хортикултурно уреден Малиот плоштад

Екипите на „Паркови и зеленило“ го разубавија Малиот плоштад на просторот од поранешната библиотека со засадување на декоративни садници и цветен сезонски саден материјал, дополнети со визуелно естетски елементи (ќупови, украсни камчиња и др.). На овој простор се засадени 6 палми, 350 очиња, 72 зеленики и 25 туи.

повеќе...

Започна засадувањето на зимската цветна реколта

Со започнување на месец декември „Паркови и зеленило“ започнаа со засадување на цветниот саден материјал кој ќе ги разубавува парковите во Охрид во зимскиот период. Планирано е од цветната реколта која е од сопствено производство да се засадат 50.000 садници од видот  viola (очиња), како и 10.000 садници од видовите  dianthus (каранфилчиња) и belis (белис).  Со разубавување ќе бидат опфатени: Градскиот парк, Плоштадот, кружните сообраќајници, парковската површина од зградата на Локалната самоуправа, „Булевар Туристичка“ и други зелени површини во градот.

повеќе...

Нови леи со ружи ќе го красат Охрид

Најпрометната улица во Охрид -„Булевар Туристичка“ ќе ја красат нови леи со ружи, растение кое со право го носи приматот кралица на цветовите. Од денеска се започна со засадување на потегот од спортската сала до сообраќајницата кај гимназијата. На овој потег се засадуваат 150 садници ружи од различен вид и различни нијанси од бои. Со оваа активност ќе се продолжи по целата должина на „Булевар Туристичка“, а предвидено е  леи со ружи да ги красат и другите фреквентни сообраќајници.

повеќе...

Покрај епитетот бисер, Охрид треба да биде и град на белите рози

Локалниот клуб на жени „Деница“ кои се дел од Лајонс клубовите од Охрид денеска, во продолжение на Холандскиот парк засадија 43 бели рози. „Денеска се собравме на ова место, каде што ќе биде во иднина традиционален парк на Лајонс клубови од Охрид под покровителство на Лајонс дистрикт 132. Оваа година Лајонс дистрикт 132 започна една иницијатива, за среќа ние во Охрид први ја почнуваме, да работиме за чистотата на својата околина. Со проектот садиме бели рози. Зошто бели рози? Затоа што белите рози го собираат оловото од природата, па еве…

повеќе...

Положено свежо цвеќе во „Паркот на револуцијата“

По повод Денот на независноста на Република Македонија 8-ми септември, делегација на Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и граѓани поддржувачи во општините Охрид и Дебарца, положија свежо цвеќе во „Паркот на револуцијата“. „Ова одбележување треба да биде помасовно, со присуство на претставници од локалната самоуправа, како и повеќе невладини организации, здруженија на граѓани, како и луѓе кои ги почитуваат борбените традиции, а кои беа во полза за ослободувањето на државата, а потоа и осамостојувањето“, истакнуваат од организацијата. Од боречката организација велат дека догодина ваквиот вид на…

повеќе...

Центарот на Охрид разубавен со нови украсни цвеќиња

Деновиве екипите на „Паркови и зеленило“ ги разубавуваат канделабрите во центарот на градот поставувајќи сто нови саксии со украсно цвеќе од видот сурфинија. Со ова цветно уредување се опфатени локациите кај градскиот плоштад околу споменикот Св. Климент Охридски, градскиот кеј на потегот од градското пристаниште до х.Палас и градската чаршија на потегот од плоштадот до трговскиот центар АМАМ. Овие висечки цветни декорации се вистински украс, го разубавуваат центарот на градот и даваат убава слика за граѓаните и многубројните туристи.

повеќе...