ОУ „Григор Прличев“ се вклучи во одбележувањето на Денот на Европа

Покрај другите основни училишта од Охрид и ОУ „Григор Прличев“ се вклучи во одбележувањето на 9ти мај- Денот на Европа. „Нашето училиште ја претставуваше Унгарија, а вредните ученици покрај материјалите кои ги изработија се претставија со закуска во која можеа да уживаат посетителите. Во прекрасна атмосфера и добра организација, учениците од четвртите одделенија кои беа на штандот со насмевки го споделуваа наученото за оваа држава.“- информираат од училиштето.

повеќе...

Светиот апостол Симеон

Светиот апостол Симеон е еден од Седумдесеттемина апостоли. Син на Клеопа, којшто му беше брат на праведниот Јосиф, целомудрениот сопруг на Пресвета Богородица. Кога ги виде чудата на Господ Исус, Симеон поверува во Него како во Господ и Спасител и беше вбројан во Седумдесеттемина апостоли. Со голема ревност и храброст го проповедаше Христовото Евангелие насекаде по Јудеја. Кога злобните Евреи го убија Јаков, братот Господов и првиот епископ на ерусалимската Црква, тогаш овој Симеон, кој му беше роднина, го поставија за епископ во Ерусалим. Како втор епископ во Светиот Град…

повеќе...

Свети апостол и евангелист Марко

Светиот апостол и евангелист Марко му бил сопатник и помошник на апостолот Петар, којшто во своето Прво послание го нарекува син свој, не син по тело туку по дух. Кога Марко беше во Рим со Петар, верните го замолија да им ја запише спасоносната наука на Господ Исус Христос, Неговите чуда и Неговиот живот. Така го напиша Светото Евангелие, коешто го виде и го посведочи за вистинито и самиот апостол Петар. Тој го постави Марко за епископ и го испрати на проповед во Мисир. Така тој беше првиот проповедник на…

повеќе...

Светите маченици Лука и Никола и Преподобна Елисавета

Светите маченици Лука и Никола Лука беше прекрасно момче и кројач по занает, пострада за Христа во 1546 година. Никола прими мачеништво за Христа во 1776 година. Преподобна Елисавета Во раната младост прими монашки чин во манастирот на Св. Козма и Дамјан во Цариград. Заради Христа и за спасението на својата душа живееше во тежок подвиг. Себеси се сметаше за невеста Христова, а овој свет за непостоечки. Од нејзината голема љубов кон Бога произлегуваше нејзината голема милосрдност кон луѓето, особено кон болните и страдалните. Со дарот што ѝ го даде…

повеќе...

Свети Великомаченик Георгиј Победоносец – Ѓурѓовден

Ѓурѓовден се празнува на 6ти мај. Тој се вбројува меѓу поголемите пролетни празници што го празнува не само христијанското, туку и целото население во Македонија што од друга страна значи дека во неговата основа е празнувањето на природата, на разбудувањето на вегетацијата и на животот воопшто. Житието вели дека Св. Ѓорѓи е роден во Кападокија, во Мала Азија, од богати, но чесни и побожни родители. Уште во детството останал без татко и мајка му заедно со него се преселила во Палестина каде што била родена. Таму го минал детството посетувајќи…

повеќе...

СВР Охрид го одбележа Денот на полицијата

СВР Охрид, ефикасно и ефективно се справува со сите видови криминалитет и има зголемена ефикасност во откривањето на казнените дела на целото подрачје, рече началникот на одделението за криминалистичка полиција во СВР Охрид, Игор Смилески, на денешната прослава по повод претстојниот 7 мај, денот на македонската полиција и денот на безбедноста. Во 2016 година регистрирани се 1564 казнени дела што претставува намалување за 16 проценти во однос на предминатата година, нагласи началникот Смилески. Тој кажа дека СВР Охрид регистрира намален број на тешки кражби за 15 проценти и бележи зголемена…

повеќе...

Светиот маченик Леонид

Денес е празник посветен на Светиот маченик Леонид. Таткото на Ориген. Пострада за Христа во Александрија во 202 година. Најпрво со царски указ му го одзедоа сиот имот, а потоа го осудија на смрт. Ориген му пишуваше на својот татко во затворот: „Не грижи се за нас и не го одбегнувај мачеништвото заради нас“ (т.е. заради децата).

повеќе...

Светиот маченик Теодор и другите со него

За верата Христова пострада во Перга Памфилиска во времето на царот Антонин. Теодор беше млад и со убаво лице. Кога намесникот на таа област го избра заедно со други момчиња, за да ги испрати на служба во царскиот дворец, Теодор се спротивстави и изјави дека тој е христијанин. За ова беше мачен со разни маки, а потоа фрлен во оган. Но од земјата изби вода и го угаси огнот. Намесникот ова им го припишуваше на некои Теодорови магии. А маченикот му рече: „Ова не е дело на мојата сила, туку…

повеќе...

Светите маченици Христофор, Теона и Антонин и Свети Трифун патријарх Цариградски

Светите маченици Христофор, Теона и Антонин Тројцата беа млади офицери кај царот Диоклецијан. Кога беше мачен Светиот великомаченик Георгиј, тие ги гледаа неговите маки и чудата што се извршија при тој настан. Кога го видоа сето тоа, излегоа пред царот и храбро го исповедаа името на Господ Исус. За ова беа подложени на големи маки и најпосле фрлени во оган, каде им изгореа телата, а душите им заминаа во вечната радост на Господ. Пострадаа чесно во Никомидија во 303 година. Свети Трифун патријарх Цариградски Царот Роман, а тој владееше со…

повеќе...

Први мај – ден на трудот

Меѓународниот ден на трудот е меѓународен празник кој се празнува на 1-ви мај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. Се одбележува на 1-ви мај во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржа од 1-ви до 4-ти мај 1886 во Чикаго. На овој штрајк, организиран со цел воведување на 8-часовен работен ден,беше употребена сила од страна на полицијата, при што имаше и жртви. Подоцна, организаторите на штрајкот беа изведени на суд, при што четворица од нив беа и погубени. Во знак…

повеќе...